pretraga

kursna lista

RS

BA

HR

MK

EUR 117.5121
USD 105.8
CHF 107.0628
GBP 139.1829
CAD 80.2623
HRK 15.7895
BAM 60.083
EUR 1.955830
CAD 1.349428
HRK 26.179579
CHF 1.775370
GBP 2.573629
USD 1.757863
RSD 1.592767
CAD 5.051136
CZK 0.281834
CHF 6.985052
GBP 9.636229
USD 6.918497
EUR 7.624184
PLN 1.743468
EUR 61.505
USD 46.5066
GBP 72.8128
CHF 46.4119
CAD 45.4818
21.07.2019.Makfax Macedonia

„Хеленик петролеум“ преговара со Владата за решавање на спорот во кој бара над 32 милиони долари

„Хеленик петролеум“ преговара со Владата за решавање на спорот во кој бара над 32 милиони долариГрчката компанија „Хеленик петролеум“ соопшти дека води разговори со македонската Влада и дека се отворени за изнаоѓање спогодбено решение за спорот, поради кој минатата година поднесе тужба во Меѓународниот суд против Република Северна Македонија и по кој бара отштета 32,6 милиони долари.

„Групацијата „Хеленик петролеум“ покрена арбитражна постапка против владата на Северна Македонија пред Меѓународниот кривичен суд во декември минатата година побарувајќи 32,6 милиони долари отштета, што произлегува од неисполнување на обврската за набавка на минимално договорените количини мазут во периодот од 2008 до 2011 година, што е прекршување на договорот од 1999 година.

Членовите на арбитражниот трибунал беа назначени од двете страни и во моментов процесот е во тек“, рече еден од менаџерите на компанијата, Џорџ Алексопулос.

Во однос на прашањето што се однесува на нафтоводот Солун – Скопје, Алексопулос вели дека имаат контакти со македонската Влада во обид нафтоводот да продолжи да работи, согласно релевантната одредба од преспанскиот договор.

Ocena
Vaša ocena
Bookmark and Share