pretraga

kursna lista

RS

BA

HR

MK

EUR 117.5563
USD 106.1169
CHF 106.7917
GBP 136.029
CAD 80.3529
HRK 15.8101
BAM 60.1056
EUR 1.955830
CAD 1.349428
HRK 26.179579
CHF 1.775370
GBP 2.573629
USD 1.757863
RSD 1.592767
CAD 5.051136
CZK 0.281834
CHF 6.985052
GBP 9.636229
USD 6.918497
EUR 7.624184
PLN 1.743468
EUR 61.505
USD 46.5066
GBP 72.8128
CHF 46.4119
CAD 45.4818
20.09.2019.Makfax Macedonia

ЕБОР ќе финансира надградба на патарините во Северна Македонија

ЕБОР ќе финансира надградба на патарините во Северна МакедонијаЕвропската банка за обнова и развој со кредит од 13 милиони евра ќе го финансира подобрувањето на постојниот систем на патарини, како и новите станици за електронска наплата на нив. Надградбата ќе ги зголеми приходите овозможувајќи македонскиот систем на автопатишта да биде финансиран на поодржлив начин.

Со овој кредит ќе се финансира надградба на пет наплатни станици по должината на Коридорот 8, како и изградбата на три нови станици, сите поврзани со центарот за патарини во главниот град Скопје.

Покрај подобрувањата на наплатниот систем, ќе бидат инсталирани и соларни панели на сите 15 станици за наплата на патарината во целата држава, со цел да се промовира поголемо користење обновлива енергија. Овие панели ќе генерираат речиси половина од електричната енергија потребна да се одржуваат станиците.

ЕБОР има финансирано изградба и надградба на 8 станици за наплата на патарина по должината на Коридорот 10 вклучувајќи и инсталација на опрема за електронска наплата на патарина.

Кредитот на ЕБОР му е доделено на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Се планира унифицирање на двата система за патарина во систем што ќе биде целосно функционален.

До денес ЕБОР има инвестирано над 1,9 милијарда евра во 117 проекти во Северна Македонија.

Ocena
Vaša ocena
Bookmark and Share