pretraga

kursna lista

RS

BA

HR

MK

EUR 117.5156
USD 106.8615
CHF 107.9214
GBP 137.0444
CAD 80.584
HRK 15.7926
BAM 60.0848
EUR 1.955830
CAD 1.349428
HRK 26.179579
CHF 1.775370
GBP 2.573629
USD 1.757863
RSD 1.592767
CAD 5.051136
CZK 0.281834
CHF 6.985052
GBP 9.636229
USD 6.918497
EUR 7.624184
PLN 1.743468
EUR 61.505
USD 46.5066
GBP 72.8128
CHF 46.4119
CAD 45.4818
16.10.2019.Makfax Macedonia

Владата ја зголеми минималната плата на 14.500 денари

Владата ја зголеми минималната плата на 14.500 денариВладата ја зголеми минималната плата на 14.500 денари, објави на владина седница премиерот Заев. Тој истакна дека е постигнат договор со бизнисот и синдикатите за зголемување на минималната плата. Целта, како што рече тој, е подобрување на животниот стандард на работникот и намалување на сиромаштијата.

„Одиме внимателно со покачувањето на минималната плата. Внимателно ги следиме сите мерки и ќе продолжиме со нив за да може стопанството да ги следи. Сите треба да работиме ако сакаме повисоки плати и поголема конкурентност. Да бидеме поработлива нација и посветено да работиме“, рече Заев нагласувајќи дека до крајот на мандатот се надева оти ќе ја постигнат целта – минималната плата да изнесува 16.000, а просечната 30.000 денари.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев истакна дека растот на платите е предизвикан од реалната економија во земјата, како и дека нивото на минималната плата е во принцип ниво што е приближно на нивото во другите земји во регионот.

Во моментот минималната плата изнесува 12.507 денари.

Ocena
Vaša ocena
Bookmark and Share