Заврши капиталниот ремонт на Блок 2 на РЕК Битола

Bez autora
Dec 04 2019

Заврши капиталниот ремонт на Блок 2 на РЕК Битола. Постројката е синхронизирана со електроенергетскиот систем на Северна Мкедонија и испорачува електрична енергија согласно потребите на потрошувачите, соопштија од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).



„Ремонтните активности на Блок 2 на РЕК Битола започнаа на 7 септември и за време на зафатот беше направен капитален ремонт на турбината, за првпат после осум години. Паралелно се одвиваше и првата фаза од реконструкцијата на разладната кула на постројката. Со тоа, зголемена е доверливоста и ефикасноста на Блокот“, соопштија од компанијата.

Од таму додаваат дека по вклучувањето на Блок 2, од работа ќе биде исклучен Блок 1 на РЕК Битола и производството од комбинатот ќе продолжи со Блок 2 и Блок 3, согласно планот за производство на АД ЕСМ и потребите на системот.

Од ЕСМ велат дека во моментов, електроенергетскиот систем на земјата има доволно количество на струја што ја обезбедуваат капацитетите на компанијата. Блок 1 на РЕК Битола ќе остане во состојба на ладна резерва, подготвен да биде вклучен во производствен процес во секој момент кога ќе има потреба електроенергетскиот систем на државата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik