Државата се задолжи за нови 24 милиони евра

Bez autora
Dec 05 2019

Зоран Заев и Нина Ангеловска вчера наместо првичните планираните 9.2 милиони евра, ја задолжија државата за 24 милиони евра, обвини пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Кузмановска.

Таа вели дека не се знае на што и како ќе бидат потрошени парите, како што не се знае ни, како што рече, каде се потрошени над половина милијарда евра за коколку што е зголемен јавниот долг откако Зоран Заев е на власт.

„И додека државата засилено се задолжува, а Заев и Нина велат дека блескаме, Стево Пендаровски сака да се исели од државата. Сакаат да се иселат и илјадници млади, кои поради лошите политики бегаат од државата. Македонија е земја во која младинската невработеност е над 50% и со тоа највисока во Европа. Власта да ги насочеше барем половина од парите за кои ја задолжи државата во изминативе години за младите, сликата за Македонија ќе беше поинаква“, рече Кузмановска.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik