Отворена фабриката „Кранфилд Фаундри“ во Пробиштип

Bez autora
Dec 11 2019

Фабриката „Кранфилд Фаундри“ од денеска стартува со работа. Лоцирана е во Пробиштип, во индустриската зона Неокази, а ќе произведува и обработува одлеаноци од сиво и нодуларно железо.



Премиерот, Зоран Заев, рече дека сопственикот има намера да се вложат дополнителни 15 милиони евра за експанзија на компанијата во нови капацитети и производи.

„Тоа ќе го зголеми бројот на нови работни места во фабриката, и претставува огромен придонес за општината и регионот. Од сегашните 58 вработени, вкупниот број планирани вработувања кога целиот инвестициски проект ќе заврши ќе изнесува 300. Тоа е сериозна шанса за граѓаните, за младите од општината, кои со овие перспективи на „Кранфилд Фаундри“ добиваат реални можности да се школуваат, да се остручуваат и да се вработат дома, во своите родни места. Уште една голема причина за тоа е и просечната плата во „Кранфилд Фаундри“ која денеска е повисока од просечната плата на државно ниво со потенцијал за уште поголем раст“, нагласи Заев.

„Кранфилд Фаундри“ е компанија за производство и обработка на одлеаноци од сиво и нодуларно железо која употребува исклучително само електрична енергија. Во процесот на работа, рече Заев, строго е забрането употреба на суровини кои содржат штетни материи, за да може да се испорача производ кој ги задоволува сите стандарди за квалитет, безбедност и заштита на животната средина.

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, рече дека иако договорот со „Кранфилд Фаундри“ е потпишан во 2015 година, се до 2018 година бил заглавен во административните лавиринти, кога бил склучен нов анекс договор во согласност со Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik