pretraga

kursna lista

RS

BA

HR

MK

EUR 117.5516
USD 105.8928
CHF 109.3605
GBP 137.5838
CAD 81.0701
HRK 15.7792
BAM 60.1032
EUR 1.955830
CAD 1.349428
HRK 26.179579
CHF 1.775370
GBP 2.573629
USD 1.757863
RSD 1.592767
CAD 5.051136
CZK 0.281834
CHF 6.985052
GBP 9.636229
USD 6.918497
EUR 7.624184
PLN 1.743468
EUR 61.505
USD 46.5066
GBP 72.8128
CHF 46.4119
CAD 45.4818
12.12.2019.Makfax Macedonia

Законот за трговија на зелените пазари ќе престане да важи

Законот за трговија на зелените пазари ќе престане да важи, се изготвува новВладата го усвои предлог-законот за престанување на важноста на Законот за трговија на зелените пазари. Како што изјави министерот за економија, Крешник Бектеши, законот за трговија беше предложен од група пратеници во Собранието и донесен минатата година, а имаше одложено дејство на примена од почетокот на следната година.

„При предлагањето и донесувањето на овој закон Министерството за економија не беше воопшто консултирано. Министерството за економија, врз основа на направените анализи, компаративни советувања и процени, констатира дека досегашното искуство покажува оти одредбите од Законот за трговија на зелените пазари не се применуваат, односно анализата на овие одредби покажа дека натамошната примена на овој закон би довела до социјални, економски и фискални последици врз продавачите на зелените пазари, што генерално ќе се одрази на целокупниот систем според кој функционираат зелените пазари од аспект на нивната трговија поради што се оцени дека е потребно овој закон да престане со важност“, потенцира Бектеши.

За таа цел, како што информира министерот, Министерството за економија уште во ноември годинава достави мислење со кое ја информира Владата дека како орган надлежен за уредување на оваа област и носител на регулативата, активно ја следеше состојбата во периодот од донесувањето на овој закон, па сè до денеска, по што врз основа на направените анализи е оценето дека е потребно престанување со важност на примена на овој закон со оглед што тој не даде позитивни законски решенија во периодот на неговото донесување и применување.

„Ова законско решение предизвика големи незадоволства и негативни реакции од самите фактори – учесници во трговијата на зелените пазари. Потребата за донесување на овој закон, со кој престанува да важи Законот за трговија на зелените пазари, е предизвикана од неможност да бидат исполнети условите утврдени во одредбите на Законот за трговија на зелените пазари. Притоа се констатира дека пропишаните услови предизвикуваат негативни реакции од страна на лицата што на овие пазари се јавуваат како трговци на зелени пазари што вршат трговија на мало на тезги и пазари, кои посочија дека натамошната примена на овој закон ќе предизвика социјални, даночни и фискални последици врз нив, што ќе се одрази на поширок сегмент засегнати граѓани, односно кај трговците на зелените пазари, коморите на трговците, организаторите на пазарите и државните институции што треба да го имплементираат законот“, изјави Бектеши.

Бектеши информира дека во моментот Министерството за економија работи на ново законско решение, кое ќе треба да биде донесено в година, со кое ќе се уреди оваа тематика, а за неговото изготвување се прават консултации со сите засегнати страни.

Ocena
Vaša ocena
Bookmark and Share