pretraga

kursna lista

RS

BA

HR

MK

EUR 117.5552
USD 106.0585
CHF 109.5167
GBP 139.1515
CAD 80.5448
HRK 15.7975
BAM 60.105
EUR 1.955830
CAD 1.349428
HRK 26.179579
CHF 1.775370
GBP 2.573629
USD 1.757863
RSD 1.592767
CAD 5.051136
CZK 0.281834
CHF 6.985052
GBP 9.636229
USD 6.918497
EUR 7.624184
PLN 1.743468
EUR 61.505
USD 46.5066
GBP 72.8128
CHF 46.4119
CAD 45.4818
14.01.2020.Makfax Macedonia

Започна проектот за изградба на локални патишта и улици во должина од 450 километри

Започна проектот за изградба на локални патишта и улици во должина од 450 километриЕден од најзначајните проекти што влегува во имплементација оваа година е проектот за поврзување на локални патишта, односно изградба и санација на локални патишта и улици во општините со вкупна должина од околу 450 километри, изјави Благој Бочварски од СДСМ.

„Проектот предвидува, инвестиции во рехабилитација на локални патишта и улици во 80 општини низ државата, вклучувајќи ги и општините во Градот Скопје, што подразбира дека Министерството за транспорт и врски, односно Владата директно ќе им помага на општините во подобрување на локалната патна мрежа преку рехабилитација на улици и патишта во сите општини“, рече тој.

Бочварски кажа дека ќе се имплементираат и дополнителни мали проекти кои овозможуваат подобрување на безбедноста, на мобилноста и превозот на пример: градежни работи за изгрaдба на потпорни ѕидови, мали свлечишта, пропусти за прифаќање на поројни води и други објекти по должината на патната мрежа со кои ќе се санираат небезбедни и ризични места.

„Вкупната вредност на овој проект изнесува 70 милиони евра средства кои се обезбедени од Светска Банка, а секоја општина според утврдена методологија одобрена од Светска банка на располагање ќе има одредена висина на средства и секоја општина ќе добие од 500 илјади евра до 2 милиони евра“, рече Бочварски.

Ocena
Vaša ocena
Bookmark and Share