Нови странски инвестиции

Bez autora
Apr 16 2014

Инвестицискиот апетит за Македонија не стивнува. До крајот на годинава во земјава се очекува да стасаат по една холандска, грчка и арапска инвестиција. Холандската компанија „РиС Тишју калчр лабораторис“, преку браунфилд- инвестиција во Македонија планира да вложи 3 милиони евра, со што во наредните три години ќе отвори најмалку 100 работни места, од кои 35 проценти со високо образование и потребни вештини. Оваа компанија се занимава со одгледување растенија и хортикултурни семиња во лабораториски услови или чиста еколошка средина. Според планираното, Холанѓаните наесен треба да стартуваат со работа во виничко-кочанскиот регион, а од Македонија производството ќе го извезуваат во Западна Европа.

Нови странски инвестицииИнвестицискиот апетит за Македонија не стивнува. До крајот на годинава во земјава се очекува да стасаат по една холандска, грчка и арапска инвестиција.

Холандската компанија „РиС Тишју калчр лабораторис“, преку браунфилд- инвестиција во Македонија планира да вложи 3 милиони евра, со што во наредните три години ќе отвори најмалку 100 работни места, од кои 35 проценти со високо образование и потребни вештини. Оваа компанија се занимава со одгледување растенија и хортикултурни семиња во лабораториски услови или чиста еколошка средина.

Според планираното, Холанѓаните наесен треба да стартуваат со работа во виничко-кочанскиот регион, а од Македонија производството ќе го извезуваат во Западна Европа.

Во Македонија е присутна и холандската „Антура“, која веќе ја објави својата инвестиција и стартуваше со изградба на фабрика, односно лабораторија за семе за цвеќиња. „Тишју калчр лабораторис“ заедно со „Антура“ ќе прават заеднички холандски кластер кај нас, а оваа идеја треба да резултира со можност да се приклучат и други вакви компании.

Грчката инвестиција е тешка 6 милиони евра и е на компанија „Харма фрут“. До крајот на годинава се најавува изградба на центар за откуп и пакување земјоделски производи и ладилник во Гевгелија, во што ќе се вложат три милиони евра. „Харма фрут“ е една од најголемите грчки компании за откуп на земјоделски производи со 20-годишно искуство. Своите производи ги пласира на пазарите во Европа, Блискиот Исток и Русија.

Заинтересиран за инвестирање во земјава е и сопственикот на „Дамац“, една од најголемите градежни компании во Дубаи, Хусеин Сајвани. Македонскиот министер за привлекување странски инвестиции Џери Наумоф на маргините на инвестицискиот самит, кој се одржа од 8 до 10 април во Дубаи, се сретнал со Сајвани при што е договорено претставници на компанијата во септември да ја посетат Македонија.

Последната зделка на „Дамац“ е и соработката со американскиот тајкун за недвижности Доналд Трамп за изградба на луксузен комплекс вили во Дубаи.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik