Нови кредитни линии од ЕБОР преку НЛБ Тутунска банкa за поддршка на македонската економија

Bez autora
Apr 16 2014

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) одобри два кредита на НЛБ Тутунска банка, на поединечен износ од три милиони евра, за понатамошно кредитирање на малите и средни претпријатија (МСП). ЕБОР во соработка со НЛБ Тутунска банка преку обезбедување на финансиски пакет од шест милиони евра ќе придонесе кон зголемување на конкурентноста на македонскиот приватен сектор и ќе ја промовира енергетската ефикасност во земјата, соопштено е во средата во Скопје. Првиот кредит ќе се користи за финансирање на проекти од доменот на подобрување на енергетската ефикасност и обновливи извори на енергија. Вториот кредит од три милиони евра ќе ги поддржи инвестициите на МСП неопходни за усогласување со ЕУ стандардите во сферата на здравjeто и безбедноста при работа, животната средина, безбедноста на производите и стандардите на квалитет.

Нови кредитни линии од ЕБОР преку НЛБ Тутунска банкa за поддршка на македонската економијаЕвропската банка за обнова и развој (ЕБОР) одобри два кредита на НЛБ Тутунска банка, на поединечен износ од три милиони евра, за понатамошно кредитирање на малите и средни претпријатија (МСП).

ЕБОР во соработка со НЛБ Тутунска банка преку обезбедување на финансиски пакет од  шест милиони евра ќе придонесе кон зголемување на конкурентноста на македонскиот приватен сектор и ќе ја промовира енергетската ефикасност во земјата, соопштено е во средата во Скопје.

Првиот кредит ќе се користи за финансирање на проекти од доменот на подобрување на енергетската ефикасност и обновливи извори на енергија.

Вториот кредит од три милиони евра ќе ги поддржи инвестициите на МСП неопходни за усогласување со ЕУ стандардите во сферата на здравjeто и безбедноста при работа, животната средина, безбедноста на производите и стандардите на квалитет.

Кредитите се обезбедени од Програмата за Западен Балкан за финансирање на одржлива енергија – 2 (WeBSEFF 2) и Програмата за поддршка на приватниот сектор на Западен Балкан (PSSF).

Се очекува дека WeBSEFF 2 ќе води кон остварување на поголеми заштеди на енергија во приватниот и јавниот сектор, како и кон модернизација на приватните деловни и јавни згради. Со средствата од PSSF ќе се задоволи побарувачката за долгорочно финансирање од домашните приватни МСП, особено во областа на усогласување на нивното делување  со ЕУ регулативите.

НЛБ Тутунска банка е една од трите најголеми банки во Македонија. Банката има распространета мрежа на делување на национално ниво, како и богато искуство во работењето со ЕБОР под WeBSEFF 1 во областа на финансирање на проекти од индустрискиот и комерцијалниот сектор, со цел подобрувања на енергетската ефикасност и производство на обновливи извори на енергија.

Средствата од двете кредитни линии можат да се користат со рок до 5 години, со вклучен грејс период од максимум 2 години. Максималната сума на кредит за крајните корисници е 2 милиони евра за средствата од WeBSEFF 2 и 1 милион евра од PSSF. Двата кредита се поддржани со грант на ЕУ, наменет за подготовка и имплементација на проектите.

„ЕБОР е воодушевен што ќе ја прошири соработката со НЛБ Тутунска банка АД Скопје, една од најголемите и најстабилните банки на македонскиот пазар, која го задржа солидното работење и високите стандарди дури и  во кризните времиња. Соработката е понатаму проширена преку кредитот од PSSF, кој веруваме дека ќе биде од голема корист за клиентите на НЛБ Тутунска банка АД Скопје и нивните напори да го подобрат работењето и да ги достигант стандардите на ЕУ”, истакна Анка Јоана Јонеску, Претставник на ЕБОР за Македонија.

“Ни претставува особено задоволство  што ЕБОР повторно се  афирмира како  стабилен и сигурен деловен партнер во работењето на НЛБ Тутунска банка, преку обезбедување на нова финансиска поддршка за кредитирање на проекти од областа на енергетската ефикасност и обновливи извори на енергија, како и на проекти за унапредување на конкуретноста на македонските компании.Со континуираната кредитна поддршка која што ЕБОР ја обезбедува на НЛБ Тутунска банка,  Банката успешно  ја одржува својата позиција на промотор и поддржувач на растот на компаниите, преку конкурентна кредитна понуда прилагодена на актуелните потреби на пазарот, како и креирање на нови продукти наменети за унапредување на конкуретноста во работењето на компаниите”, изјави Ѓорѓи Јанчевски, Претседател на Управниот Одбор на НЛБ Тутунска банка.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik