Украинска "ENERGIA" инвестира 18 милиони евра во фабрика во Бунарџик

Bez autora
Apr 24 2014

Нова инвестиција од 18 милиони евра влегува во Македонија. Како што објави премиерот Никола Груевски на својот Фејсбук профил, украинската компанија ENERGIA Ltd. донела одлука да изгради капацитет во Македонија. Последниот од редицата странски инвеститори коишто беа објавени во изминатите неколку месеци планира да гради фабрика во Бунарџик, во која е предвидено да бидат вработени 150 лица. Тој на својот Фејсбук профил им честиташе на граѓаните, истакнувајќи дека ова е уште еден доказ за посветеноста на оваа влада. Честитки до граѓаните, нова инвестиција од 18 милиони долари, нови 150 директни вработувања. И ова е разликата која ти ја препознаваш, напиша Груевски на Фејсбук.

Украинска "ENERGIA" инвестира 18 милиони евра во фабрика во БунарџикНова инвестиција од 18 милиони евра влегува во Македонија. Како што објави премиерот Никола Груевски на својот Фејсбук профил, украинската компанија ENERGIA Ltd. донела одлука да изгради капацитет во Македонија.

Последниот од редицата странски инвеститори коишто беа објавени во изминатите неколку месеци планира да гради фабрика во Бунарџик, во која е предвидено да бидат вработени 150 лица. Тој на својот Фејсбук профил им честиташе на граѓаните, истакнувајќи дека ова е уште еден доказ за посветеноста на оваа влада.

- Честитки до граѓаните, нова инвестиција од 18 милиони долари, нови 150 директни вработувања. И ова е разликата која ти ја препознаваш - напиша Груевски на Фејсбук.

Компанијата ENERGIA Ltd. е од Киев, Украина и својата фабрика на површина од 8 хектари ќе ја гради во индустриската зона Бунарџик 2".

Компанијата се занимава со производство на вода за пиење, дезинфекција на отпадни води, чие производство е врз основа на нова технологија со највисоки еколошки стандарди, патентирана во САД.

Годишниот извоз би бил 20 милиони евра, а производството ќе биде наменето за Блискиот Исток, Африка, Источна и за Централна Европа.

Украинската компанија веќе има регистрирано фирма во Македонија, а капацитетите ќе почнат да се градат во втората половина од годинава во ТИРЗ 2, а би требало да започне со работа од средината на идната година.

Ставрески: "Дрекселмајер" најави уште 600 нови вработувања

Нови 600 вработувања ќе отвори Дрекселмајер" во Кавадарци, најави вчера раководството на компанијата на средбата со вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, во компанијата.

- Планираат да има уште 500 до 600 нови вработувања. Тоа е добро, бидејќи значи дека за овој регион тука и пошироко, вклучувајќи го и Прилеп, ќе има нови вработувања и ќе овозможат сите кои бараат работа од Кавадарци, Неготино, Прилеп, па и од Велес, да најдат работа. На тој начин ќе помогнеме да се подобри нивниот животен стандард - изјави Ставрески.

Тој посочи дека "Дрекселмајер" е синоним за успехот на Владата на Република Македонија во привлекувањето инвестиции. Компанијата е најголемиот работодавец во Македонија со 4.040 вработени досега.

Најави дека ќе се продолжи со владините политики за привлекување странски инвестиции и дека најмалку уште 30 компании како Дрекселмајер" ќе влезат во земјава. Со тоа, како што рече Ставрески, ќе се отворат 10.000 нови работни места само во слободните и индустриските зони.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik