Секој дванаесетти стан во земјава е под хипотекa

Bez autora
Jul 10 2014

Секој дванаесетти стан во земјава е ставен под хипотека, најчесто како гаранција дека редовно ќе се отплаќа кредит од банка. Вкупно 72.911 стана во моментов се заложени кај банките, а нивната вредност изнесува околу 1,8 милијарда евра. Ова го покажуваат податоците на Агенцијата за катастар кои детектираат тренд на раст на бројот на станови под хипотека. Така, за помалку од една година бројот на станови дадени по хипотека, најчесто кај банките, се зголемил за 16.742 стана или бројот на ваквите станови сега е зголемен за рекордни 30 отсто. Бројот на становите под хипотека лани летото изнесувал 56.169, а нивната вредност била 1,6 милијарда евра. Според бројките, 8 отсто од вкупно 893.471 стана во земјава се ставени под хипотека.

Секој дванаесетти стан во земјава е под хипотекaСекој дванаесетти стан во земјава е ставен под хипотека, најчесто како гаранција дека редовно ќе се отплаќа кредит од банка. Вкупно 72.911 стана во моментов се заложени кај банките, а нивната вредност изнесува околу 1,8 милијарда евра.

Ова го покажуваат податоците на Агенцијата за катастар кои детектираат тренд на раст на бројот на станови под хипотека. Така, за помалку од една година бројот на станови дадени по хипотека, најчесто кај банките, се зголемил за 16.742 стана или бројот на ваквите станови сега е зголемен за рекордни 30 отсто. Бројот на становите под хипотека лани летото изнесувал 56.169, а нивната вредност била 1,6 милијарда евра. Според бројките, 8 отсто од вкупно 893.471 стана во земјава се ставени под хипотека.

Податоците до кои дојде „Дневник“ покажуваат дека најмногу станови под хипотека има во Скопје, каде што и најмногу се гради. Во главниот град се заложени 31.942 стана, следува Битола со 4.083 стана ставени по хипотека, па Kуманово, каде што кај банките под залог се ставени 3.338 стана.

Становите најчесто се заложуваат при земање кредит како гаранција, но сите се ставани под залог во различен период. Kај некои хипотеките стојат и по повеќе од една деценија, колку што е најмалку потребно да се исплати, на пример, еден станбен кредит.

Институциите немаат вкупен податок колку од хипотеките што ги држат банките се активирани во последниот период, односно колку од заложените станови им се земени на сопствениците. Овие податоци ги има секоја банка посебно, но никој не располага со вкупна бројка.

- Во Македонија кредитите на домаќинствата обезбедени со станбен простор на крајот на ланската година изнесуваа 28.059 милиони денари, а една година претходно беа 25.150 милиони денари. Најголем дел отпаѓа на станбените кредити на домаќинствата, обезбедени со станбен простор. Тие изнесуваа 22.340 милиони денари со состојба на 31.12.2013 година, а на крајот од 2012 година изнесуваа 19.785 милиони денари. И бројот на активните кредитокорисници на станбени кредити од 16.400 клиенти на 31.12.2012 година се зголемил на 16.769 корисници на крајот од ланската година. Во Kредитниот регистар нема податок за хипотеки активирани од страна на банките - објаснија од НБМ.

Листата од Агенција за катастар што ја има „Дневник“ покажува оти во речиси секој град има станови под хипотека. Најмалку станови се заложени во Македонски Брод - 63 стана, во Демир Хисар - 74 стана, во Kратово под хипотека се 121 стан, а во Kрушево 125 стана. Освен во Скопје, Битола и во Kуманово, градови со најмногу станови под хипотека, по неколку илјадници станбени единици под залог има и во Струмица - 2.998 стана, во Kавадарци - 2.550, во Прилеп - 1.944, во Гевгелија - 2.123, во Тетово - 2.999, а во Охрид 3.271 стан се дадени под залог. Вкупниот број заложени станови варира по градови, но интересно е дека речиси и да нема град во земјава каде што бројот на станови под хипотека не е зголемен за неколку стотици во споредба со претходната година. Споредбата покажува дека најголем раст на станови под хипотека покрај во Скопје, има и во Охрид, каде што бројката е речиси дуплирана во споредба со лани.

Жител на Kочани има хипотека во јапонски јени

Евра, долари, швајцарски франци се најчестите валути во кои се задолжуваат македонските станови кога се зема, на пример, кредит со девизна клаузула. Но редок случај е примерот во Kочани, каде што жител има хипотека вкалкулирана во јапонски јени. Податоците на Агенцијата за катастар за вредноста во пари на хипотеките покажува дека најголем дел или 1,6 милијарда се во евра, а мали се сумите во другите валути. Во американски долари се земени кредити вредни 220.000 долари, а во „озлогласениот“ швајцарски франк има за исплаќање сума на хипотеки вредни 397.000 франци. Kочанчанецот е со единствениот кредит пресметан во јени, при што за кредитот заложил имот вреден 7 милиони јени, што е околу 50.000 евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik