Малите и средните компании - мотор за поголема соработка

Bez autora
Jul 22 2014

Се интензивира економската соработка меѓу Македонија и Унгарија во повеќе сектори, што се очекува да ги зголеми идните инвестиции и трговската соработка. За надградување на партнерските односи меѓу двете земји, како и можност на унгарските компании на инвестираат во земјава. Вчера во Скопје беше отворена Унгарската трговска куќа, која е прва од ваков вид во регионов. На отворањето министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петар Сјарто, ја пофали Македонија дека во изминатиот период постигна извонредно добар економски резултат, што е за почит. Според него, тоа воедно е и добра шанса да се унапреди досегашната соработка.

Малите и средните компании - мотор за поголема соработкаСе интензивира економската соработка меѓу Македонија и Унгарија во повеќе сектори, што се очекува да ги зголеми идните инвестиции и трговската соработка. За надградување на партнерските односи меѓу двете земји, како и можност на унгарските компании на инвестираат во земјава. Вчера во Скопје беше отворена Унгарската трговска куќа, која е прва од ваков вид во регионов.

На отворањето министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петар Сјарто, ја пофали Македонија дека во изминатиот период постигна извонредно добар економски резултат, што е за почит. Според него, тоа воедно е и добра шанса да се унапреди досегашната соработка.

- Соработката треба да се интензивира меѓу малите и средните претпријатија како мотор за подобрување на меѓусебните трговските односи и влечење напред. Целта на оваа трговска куќа е да изгради што поефикасни и подобри партнерски односи меѓу компаниите - посочи Сјарто пред отворањето на Унгарската трговска куќа во Скопје.

Тој и се заблагодари на Владата што го овозможи реализирањето на овој проект и нагласи дека Македонија во иднина во секој поглед може да очекува поддршка од Унгарија, посебно кога станува збор за зачленувањето во ЕУ и НАТО.

- Владата на Унгарија се обврза да работи на унапредување на билатералните односи со Македонија. Во нашата надворешно-трговска стратегија оваа земја има истакнато место и се смета за посебно важен партнер - посочи Сјарто.

И шефот на македонската дипломатија, Никола Поповски, оцени дека отворањето на Унгарската трговска куќа е уште една потврда за одличните односи меѓу двете земји, како и за заедничкиот интерес за понатамошно јакнење и на политиките и на економската соработка.

- Со Унгарија делиме иста визија - отворен простор, зголемена соработка, инвестиции, трговија и поголемо присуство во регионот. Убеден сум дека оваа мудра одлука на унгарската Влада да отвори трговска куќа во Скопје ќе ги интензивира бизнис-контактите и ќе ги зацврсти воспоставените односи меѓу деловните заедници - смета Поповски и нагласи дека Македонија природно припаѓа во големото европско семејство не само поради географската положба, туку и зашто со голем број европски земји дели силни историски и културни врски, исти вредности.

Поповски посочи дека верува оти следниот ваков јубилеј ќе го одбележиме како две земји-членки на НАТО и ЕУ, а во контекст на евроатлантската и европската интеграција на Македонија министерот заблагодари за, како што истакна, принципиелната постојана поддршка од унгарска страна.

Беким Незири, министер за економија, очекува македонските компании максимално да ја искористат можноста за воспоставување или јакнење на веќе етаблираните партнерства со фирми од Унгарија. За него ова се нови правци на трговската соработка по ланското формирање на мешовитата комисија меѓу двете влади, со кои се засили заедничката економската соработка.

- Се олеснија македонските контакти со унгарските компании и се зајакна деловната соработка - укажа Незири и истовремено, им порача на компаниите да почнат и нови економски соработки коишто ќе се реализираат преку оваа трговска куќа.

Според Народната банка на Македонија, увозот во 2013 година од Унгарија во Македонија достигнал 55,5 милиони долари, што претставува зголемување од над 10% доколку се спореди со увозот во 2012 година, кога изнесувал 48,3 милиони долари. На страната на извозот бројките се далеку пониски, па така, во 2013 година тие изнесувале 8,2 милиони долари, наспроти во 2012 година, кога извозот бил 9,1 милиони долари.

Инаку, Унгарската трговска куќа е дел од стратегијата на унгарската Влада насловена како "Отворање кон Исток" со цел подобрување на можностите на унгарските фирми за настап на странските пазари. Вакви канцеларии Унгарија лани отворила во Јордан, Азербејџан, Саудиска Арабија, Русија, Кина, Казахстан, Турција и Обединетите Арапски Емирати. Годинава тие планираат да отворат уште три претставништва во Сингапур, Виетнам и во Лаос.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik