Кредитирањето расте, банките се отворија за фирмите

Bez autora
Jul 24 2014

Стопанството закрепнува, банките го одврзуваат ќесето. Зголеменото кредитирање треба да ја динамизира економската активност. Заклучно со мај, кредитите забележуваат раст од 7,6%, што е повеќе од априлските проекции на Народната банка од 7,3%. Податоците за кредитниот пазар за мај 2014 година покажуваат значително забрзување на кредитните текови, во поголем дел насочено кон корпоративниот сектор. Кредитните текови се нешто подобри од очекуваното во рамките на последните проекции. Од друга страна, динамиката на раст на депозитната база е умерена и нешто послаба од очекувањата.

Кредитирањето расте, банките се отворија за фирмитеСтопанството закрепнува, банките го одврзуваат ќесето. Зголеменото кредитирање треба да ја динамизира економската активност. Заклучно со мај, кредитите забележуваат раст од 7,6%, што е повеќе од априлските проекции на Народната банка од 7,3%, пишува Лидер.

- Податоците за кредитниот пазар за мај 2014 година покажуваат значително забрзување на кредитните текови, во поголем дел насочено кон корпоративниот сектор. Кредитните текови се нешто подобри од очекуваното во рамките на последните проекции. Од друга страна, динамиката на раст на депозитната база е умерена и нешто послаба од очекувањата. Однесувањето на банките на кредитниот пазар сигнализира постепено подобрување на очекувањата на банките и нивните оценки за ризичниот профил на кредитната побарувачка. Воедно, овие движења укажуваат и на преносниот ефект од досегашното монетарно олабавување врз кредитната активност. Сепак, во услови на неизвесен амбиент, и понатаму се присутни надолни ризици околу кредитирањето на приватниот сектор, поради што е потребно време за да се оцени постојаноста на позитивните придвижувања на кредитниот пазар - е заклучокот од последната редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ. Растот на БДП од 3,9% во првиот квартал од годинава проследен со позитива во градежништвото од 13,7% и континуираниот раст на индустриското производство од стартот на годината се економски показатели кои укажуваат дека кризата е зад нас и е време за позасилен економски раст, кој треба да биде проследен и со забрзано кредитирање.

- Очекувам зголемената економска активност да го поттикне кредитирањето. Според она што јас го следам, банките се уште перципираат одредени ризици во економијата, а тоа е причина да прават кредитно рационализирање, односно, и покрај тоа што банките располагаат со средства, потешко му ги одобруваат тие средства на стопанството. Сепак, генерална тенденција е со растот на економијата се повеќе да се забрзува и кредитирањето - смета универзитетскиот професор Марјан Петрески.

Но, ризиците се присутни. Трендот на пораст на нефункционалните кредити продолжи и годинава. Заклучно со мај, нивото на спорни побарувања достигна речиси 460 милиони евра, 27,4 милиони повеќе од април. За да одврзат ќесето, банките мора да бидат сигурни дека проектите за кои се бара пари се профитабилни и исплатливи.

- Кредитирањето расте затоа што прогнозите за обнова на економскиот раст во Р. Македонија и во еврозоната се позитивни. Меѓу кредитниот раст и растот на БДП постои заемна врска и оттука се нашите очекувања за забрзување на кредитирањето. Сепак, очигледно, не е доволно фирмите сами да ги подготвуваат проектите. Потребно е партнерство меѓу фирмите и банките. Ние како Шпаркасе голем број од проектите што ги финансиравме ги реализиравме на начин што првите проекти дојдоа од фирмите, потоа пресметките ги правевме заеднички и кога двете страни се убедивме дека станува збор за профитабилни проекти влеговме во процесот на финансирање - објаснува првиот човек на Шпаркасе Македонија, Глигор Бишев.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik