Фирмите ќе добијат поевтина струја и евтина тарифа, за до маќинствата без промени

Bez autora
Aug 26 2014

Малите и средните фирми што досега плаќаа „индустриска струја“ од 1 јануари кога стапува во сила третата фаза од либерализација на пазарот на електрична енергија, ќе добијат до 30 отсто поевтина цена на електричната енергија и ќе имаат и евтина тарифа која ќе важи во ноќните часови и во недела. Тие имаат обврска до 15 ноември да изберат свој снабдувач со струја и да склучат со него договор. Ако не го сторат тоа, ќе продолжат да добиваат сметки по сегашните, за нив поскапи цени. За граѓаните оваа фаза од либерализација нема да донесе промени бидејќи тие и натаму ќе добиваат струја како и сега, од ЕВН снабдување во краен случај, по веќе утврдените цени.

Малите и средните фирми што досега плаќаа „индустриска струја“ од 1 јануари кога стапува во сила третата фаза од либерализација на пазарот на електрична енергија, ќе добијат до 30 отсто поевтина цена на електричната енергија и ќе имаат и евтина тарифа која ќе важи во ноќните часови и во недела.

Тие имаат обврска до 15 ноември да изберат свој снабдувач со струја и да склучат со него договор. Ако не го сторат тоа, ќе продолжат да добиваат сметки по сегашните, за нив поскапи цени. За граѓаните оваа фаза од либерализација нема да донесе промени бидејќи тие и натаму ќе добиваат струја како и сега, од ЕВН снабдување во краен случај, по веќе утврдените цени. 

Без понуди за домаќинствата
Иако либерализацијата која почнува од јануари в година важи и за домаќинствата, односно им се дава можност да изберат снабдувач, сепак, според информациите од поголемите компании кои имаат лиценци за снабдување, за нив засега нема да има понуди бидејќи не можат да се дадат поповолни цени од важечките. Имено, со струјата набавена на слободниот пазар и со висината на надоместокот за мрежарина, не може да се дојде до цена која би била пониска од онаа што ја утврди Регулаторна комисија за енергетика. И така веројатно ќе биде и во следните две до три години во кои граѓаните ќе добиваат електрична енергија во најголем дел произведена од „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ), надополнета со увозна струја за покривање на кусоците, а висината на цената ќе ја утврдува РKЕ на 1 јули во тековната година.

Целосната либерализација на пазарот во суштина значи и ЕЛЕМ да продава струја на слободниот пазар, на домашните трговци или да ја извезува, а сите потрошувачи – големи и мали фирми и домаќинствата да купуваат електрична енергија по пазарни цени. Но, со оглед дека тоа може да донесе драстичен скок на цените на струјата за домаќинствата, овој дел од пазарот ќе се отвора постепено за да нема шокови за населението како што се случи во некои земји. Досега домаќинствата имаа поевтина струја благодарение на тоа што фирмите имаа двојно поскпа цена. Токму затоа сега за нив либерализацијата ќе донесе многу помали сметки.

Понуди за фирмите
- Сметките за потрошена електрична енергија сега ми се над 3.000 евра месечно, а како што сега се најавува дека ќе има намалување до 30 отсто, тоа значи дека ќе заштедуваме по 1.000 евра месечно, а можеби и повеќе со оглед дека машините работат навечер и во недела. На годишно ниво тоа ќе биде заштеда од над 12.000 евра, што многу ќе ни значи, вели сопственик на една фирма која има пералници за хемиско чистење.

Добивањето евтина струја, кое го најавуваат најголемите снабдувачи – „ЕВН снабдување“ и „Енерџи деливери солушн“ (ЕДС), ќе биде добредојдено за сите што работат во смени – пекарници, пералници, но и производни погони кои ќе можат, за да заштедат, поинаку да го организираат производството. На интернет-страницата на ЕДС, на пример, може да се види како ќе изгледаат договорите со корисниците и во нив се дадени графи за цени за скапа струја и за евтина која ќе важи од 22 часот навечер до 7 часот следното утро, како и во недела. Kомпанијата најавува можност за склучување договори од 3 до 24 месеци, со гарантирани цени во тој период. Од рокот на кој ќе се склучи договорот веројатно ќе зависи и понудата, односно за колку пониска цена ќе се добие. Од „ЕВН снабдување“ исто така ќе има пониски цени и евтина тарифа, сигурност во снабдувањето, а на оние што ќе склучат договори со нив ќе им нудат можност за енергетски менаџмент за рационализација на потрошувачката. 

Kомпаниите што имаат лиценци за снабдување иако и летниве месеци не мируваа, најавуваат дека во следниве два и пол месеца колку што останува до крајниот рок за склучување договори, интензивно ќе контактираат со фирмите. За нив, пак, изборот на оној од кој ќе набавуваат струја нема да донесе никакви промени во поглед на сигурноста на снабдувањето, ниту, пак, некакви дополнителни трошоци за нови броила или слично. Единствена разлика ќе бидат пониските сметки.

ПОВЕЌЕ СНАБДУВАЧИ
Лиценци за снабдување со електрична енергија имаат компаниите „Пауер енерџи систем“, „Пан интертрејд“, Енергетска финансиска групација АД „Софија“ - подружница Скопје, „Проенерџи“, „Енерџи сервис“, „Фјучр енерџи“, „Мист енерџи“, „Енерџи деливери солушнс -ЕДС, ЕВН“ и „ГЕН-И продажба на енергија“.

Дел од овие компании веќе се вклучија во процесот на либерализација и имаат договори за снабдување со струја на некои од оние над 200 поголеми фирми кои од април излегоа на слободниот пазар.

Лиценци за снабдување во краен случај, односно на оние што нема да одберат снабдувач и ќе добиваат струја по цени утврдени од РKЕ, каде што се и домаќинствата, имаат „ЕВН снабдување“, во краен случај и ЕЛЕМ.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik