Кредитирањето забавило поради одморите, фирмите не се жалат

Bez autora
Aug 28 2014

Станува ли збор за сезонски фактори или банките повторно се воздржани кон компаниите, е прашањето што се поставува откако по двомесечен „богат“ кредитен настап, во јули банкарскиот сектор пак малку го намали кредитирањето на бизнисот. Или, изразено низ бројки, ако во мај годинава биле доделени 37 милиони евра нови кредити на фирмите, а во јуни бил регистриран месечен кредитен раст од 28 милиони евра, тој позитивен тренд бил прекинат во јули, кога е забележано намалување на кредитирањето за пет милиони евра. Всушност, откако фирмите подолг период наназад се жалеа дека тешко доаѓаат до банкарскиот кредитен колач, мај и јуни беа како вистинска пресвртница, со значаен кредитен пораст, кој не продолжи така и во седмиот месец од годината.

Станува ли збор за сезонски фактори или банките повторно се воздржани кон компаниите, е прашањето што се поставува откако по двомесечен „богат“ кредитен настап, во јули банкарскиот сектор пак малку го намали кредитирањето на бизнисот. 

Или, изразено низ бројки, ако во мај годинава биле доделени 37 милиони евра нови кредити на фирмите, а во јуни бил регистриран месечен кредитен раст од 28 милиони евра, тој позитивен тренд бил прекинат во јули, кога е забележано намалување на кредитирањето за пет милиони евра. Всушност, откако фирмите подолг период наназад се жалеа дека тешко доаѓаат до банкарскиот кредитен колач, мај и јуни беа како вистинска пресвртница, со значаен кредитен пораст, кој не продолжи така и во седмиот месец од годината.

Сепак, бизнисмените со кои контактираше „Утрински весник“ велат дека јулското благо месечно намалување на кредитирањето, веројатно, е последица на сезонскиот фактор, односно поради летните одмори, кога и бизнисот не е толку активен, така што позначајниот кредитен раст се очекува во наредните месеци.

„Не се чувствуваат некои позначајни промени на планот на кредитирањето на бизнисот. За добрите проекти никогаш немало проблем да добијат кредит од банките. Проблеми имаат оние мали компании кои немаат недвижности за да гарантираат за земените средства, или, пак, немаат доволно бизнис-историја, како што се, на пример, неколку завршни сметки со позитивни финансиски резултати, за да потврдат дека се способни навреме да ги отплаќаат кредитите“, вели Ангел Димитров, претседател на Здружението на работодавци на Македонија. 

Тој смета дека станува збор за сезонски движења, односно можеби во јули има мало намалување на кредитирањето поради годишните одмори, но во никој случај нема драстични промени. За во последните три месеци од годинава, пак, се очекува и натамошно зголемување на кредитниот раст. 

Горан Антевски, директор на „Раде Кончар - ТЕП“, исто така потенцира дека оваа компанија никогаш немала проблем со добивање кредити од банките. „Ние сме ликвидна компанија и никогаш не сме имале проблем со добивање кредити, секогаш досега кога сме барале, банките ни излегувале во пресрет“, вели Антевски.

Тој уште вели дека оваа компанија размислува во иднина да побара кредит и од странска банка. „Слушнавме дека тоа е можно, па сега се распрашуваме за таа опција, за која сакаме да дознаеме нешто повеќе. Идејата е дека тоа би се направило за наредниот период, односно за некои поголеми инвестиции“, објаснува Антевски. 

Од банките велат дека од стартот на годинава континуирано го зголемуваат кредитирањето за фирмите.

„Од почетокот на годината заклучно со јули 2014 година бележиме континуиран пораст на кредитирањето кај претпријатијата. Порастот на кредитирањето од почетокот на годината заклучно до јули 2014 година изнесува 8 отсто и очекуваме трендот на пораст да продолжи и во втората половина на годината. Од крајот на минатата година заклучно со јули 2014, одобрена е вкупна кредитна изложеност од над 80 милиони евра, од кои над 80 отсто е поддршка на претпријатијата“, вели Стевче Кузмановски, директор на сектор за мали и средни претпријатија во Прокредит банка.

Тој вели дека во однос на ситуацијата, од почетокот на 2014 година се забележува раздвижување на бизнис-динамиката кај претпријатијата во споредба со минатата година. 

„Има бизниси кои стојат на здрави нозе и се заинтересирани за вложувања во растот и развојот, особено во насока на вложувања за зголемување на продуктивноста (нови машини, опрема со која би се подобрил производот, би се постигнал подобар обем и би се намалиле трошоците), воведувањето новини, настап на странски пазари. Сепак постојат и бизниси кои се' уште се борат со фазата за надминување на ликвидносните проблеми и им е потребна поддршка токму во тие насоки на работењето. Поголемиот процент од вкупната одобрена изложеност, околу 55 отсто, е за поддршка на долгорочни инвестициски проекти на претпријатија, а останатиот дел, 

45 отсто, претставуваат кредитни линии и дозволени пречекорувања на сметка, како соодветна поддршка на краткорочната ликвидност на компаниите“, објаснува Кузмановски. 

Инаку, централната банка во своите извештаи постојано потенцира дека очекува во втората половина од годинава да расте и понудата и побарувачката на кредити.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik