Фирмите ќе плаќаат од 200 до 450 евра за секоја нова фискална каса со ГПРС

Bez autora
Sep 14 2014

Од 200 до 450 евра ќе треба да искешира секоја фирма во земјава за да набави најмалку една фискална каса со ГПРС-уред, новина што е законска обврска за даночните обврзници и од која дел треба да ја завршат до ноември, а дел до крајот на јануари. Досега само 562 даночни обврзници, односно околу 1 отсто од фирмите, ја исполниле оваа обврска и набавиле вакви апарати. Во земјава има 48.500 компании што мора да набават фискални каси со ГПРС, во спротивно, законот предвидува ригорозни казни. Управата за јавни приходи (УЈП) деновиве испраќа потсетувања за фирмите дека тие што лани оствариле промет поголем од 10 милиони денари ќе мора да набават вакви фискални каси до крајот на октомври. Такви во земјава се околу 8.900 фирми, бензински станици, ресторани, хотелите. Другите, односно 39.600 фирми треба да ги набават касите до крајот на јануари.

Фирмите ќе плаќаат од 200 до 450 евра за секоја нова фискална каса со ГПРСОд 200 до 450 евра ќе треба да искешира секоја фирма во земјава за да набави најмалку една фискална каса со ГПРС-уред, новина што е законска обврска за даночните обврзници и од која дел треба да ја завршат до ноември, а дел до крајот на јануари. Досега само 562 даночни обврзници, односно околу 1 отсто од фирмите, ја исполниле оваа обврска и набавиле вакви апарати.

Во земјава има 48.500 компании што мора да набават фискални каси со ГПРС, во спротивно, законот предвидува ригорозни казни. Управата за јавни приходи (УЈП) деновиве испраќа потсетувања за фирмите дека тие што лани оствариле промет поголем од 10 милиони денари ќе мора да набават вакви фискални каси до крајот на октомври. Такви во земјава се околу 8.900 фирми, бензински станици, ресторани, хотелите. Другите, односно 39.600 фирми треба да ги набават касите до крајот на јануари.

Од УЈП информираа дека во земјава има три овластени производители на системи на опрема со ГПРС, а тоа се „Давид компјутери“, „Аксент медиа“ и „Дуна компјутери“. Даночниците апелираат компаниите да не чекаат „пет до дванаесет“ и навреме да си ја исполнат законската обврска.

- Постапката на регистрација трае десетина минути и се врши електронски од овластениот производител, во моментот на набавка на фискалниот апарат. По успешната електронска регистрација во системот на УЈП, обврзникот може веднаш да го постави новиот фискален апарат во деловниот објект и да врши регистрирање на готовинскиот промет – информираат од УЈП.

Бизнис-заедницата ја поддржа оваа новина и очекува со новите апарати да се намалат трошоците на компаниите, да се елиминира нелојалната конкуренција, но и да се намалат контролите на терен.

Помалите компании, пак, негодуваат поради новите трошоци што им се наметнуваат.

- Се шокирав кога разбрав дека морам да набавам нова фискална каса. Цената на нов апарат е околу 300 евра и е голем дополнителен трошок за фирма како мојата, која едвај опстојува. Можеби за големите компании тоа не е голем трошок, но нас малите н` става на дополнителни маки. Од каде да најдеме 300 евра на „гладно срце“ - вели една скопјанка, сопственик на мал колонијал, која се јави во нашата редакција и инсистира на анонимност.

Од компаниите, овластени производители на фискални апарати со ГПСР-уред, објаснуваат дека има интерес од компаниите, кои засега најчесто само се информираат и калкулираат со цените. Од „Дуна компјутери“ велат дека нудат и опција на замена старо за ново.

- Kомпаниите можат да ни понудат стара фискална каса купена не само кај нас, туку и од која било друга компанија. Цената за откуп е од 1.500 до 3.000 денари, во зависност од тоа колку е амортизирана касата. А за возврат им нудиме сосема нова фискална каса со ГПРС-уред. Имаме на лагер три модели на најнови фискални каси, мобилна, која чини 300 евра плус ДДВ, фиксна фискалнам, по цена од 12.400 денари плус ДДВ, и статична фискална, од 250 евра плус ДДВ – ни изјави Андреа Јовановиќ, промотор за фискалните во „Дуна компјутери“.

Според понудата и кај другите овластени производители на новите фискални, цените се движат до 16.000 до 28.000 денари од апарат.

Новата обврска за промена на постојните фискални каси со нови ГПРС-апарати, со кои УЈП електронски ќе го следи текот на парите, е предвидена со измените на Законот за регистрирањето на готовинските плаќања. Со нив, УЈП во секој момент автоматски ќе ги следи финансиските извештаи и прометот регистриран од секој фискален апарат.

Бизнис од 20 милиони евра

Податоците покажуваат дека во земјава има вкупно 79.000 фискални апарати, бидејќи има компании што имаат и по стотина каси за менување или надградба. Новите фискални апарати со ГПРС-систем за потребите на обична маалска продавница би чинеле околу 200 евра плус ДДВ, а за поголемите компании сумата би достигнала и до 450 евра.

Ако се земе предвид просечната понуда од околу 250 евра, излегува дека во бизнисот со новите фискални ќе се свртат околу 20 милиони евра, кои фирмите мора да ги платат, а УЈП ќе им ги пресмета како даночен кредит, односно сума од која ќе бидат ослободени при плаќањето даноци.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik