Доброволните пензиски фондови со 5 милиони евра

Bez autora
Sep 15 2014

Вкупниот износ на средства на задолжителните пензиски фондови во 2013 година достигна износ од околу 440 милиони евра, што е околу 5,65 проценти од БДП. На крајот од 2013 година средствата на доброволните пензиски фондови изнесуваат приближно 318 милиони денари или околу 5 милиони евра, што претставува некаде околу 0,07 отсто од БДП. Тоа на прес-конференција го посочи претседателот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, Булент Дервиши. Тој информираше за осмиот годишен извештај за состојбите на задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување, втор столб, и за четвртата година од работењето на доброволното капитално финансирано пензиско осигурување, трет столб, кој го сочинуваат домашните инвестиции што вклучуваат државни хартии од вредност, депозити и акции, како и инвестиции во странство.

Доброволните пензиски фондови со 5 милиони евраВкупниот износ на средства на задолжителните пензиски фондови во 2013 година достигна износ од околу 440 милиони евра, што е околу 5,65 проценти од БДП. На крајот од 2013 година средствата на доброволните пензиски фондови изнесуваат приближно 318 милиони денари или околу 5 милиони евра, што претставува некаде околу 0,07 отсто од БДП.

Тоа на прес-конференција го посочи претседателот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, Булент Дервиши. Тој информираше за осмиот годишен извештај за состојбите на задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување, втор столб, и за четвртата година од работењето на доброволното капитално финансирано пензиско осигурување, трет столб, кој го сочинуваат домашните инвестиции што вклучуваат државни хартии од вредност, депозити и акции, како и инвестиции во странство.

„Зачленувањето во задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување продолжи во текот на 2013 година и бројот на членови достигна бројка од 350.040. Тоа е зголемување во однос на 2012 година за околу 8 проценти. Така, учесниците во двостолбниот пензиски систем претставуваат околу 66 отсто од вкупниот број на осигуреници во Фондот на ПИОМ или околу 17 проценти од вкупното население“, посочи Дервиши. Тој додаде дека до крајот на 2013 година во доброволното капитално финансирано пензиско осигурување се зачлениле 18.525 членови, како и дека во доброволните пензиски фондови се уплатени вкупно околу 113 милиони денари доброволни придонеси, од кои 85 проценти се уплатени на професионални сметки.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik