Барања за откуп на земјиште до 15 декември

Bez autora
Sep 16 2014

За еден месец ќе биде продолжен рокот за приватизација на државно градежно земјиште, па наместо до 13 ноември барања ќе можат да се поднесуваат до 15 декември годинава. Ова го предвидуваат измените на Законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост што денеска беа на прво читање на собраниската Комисија за финансирање и буџет. Според заменик-министерот за финансии, Ардијан Џеладини, предложените измени се направени за оние граѓаните кои од разни причини досега не успеале да поднесат барање за приватизација. Со ова ќе се овозможи голем број корисници на градежно земјиште кои од разни причини не поднеле барање за приватизација, да можат тоа да го сторат до 15 декември, рече Џеладини.

Барања за откуп на земјиште до 15 декемвриЗа еден месец ќе биде продолжен рокот за приватизација на државно градежно земјиште, па наместо до 13 ноември барања ќе можат да се поднесуваат до 15 декември годинава. Ова го предвидуваат измените на Законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост што денеска беа на прво читање на собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Според заменик-министерот за финансии, Ардијан Џеладини, предложените измени се направени за оние граѓаните кои од разни причини досега не успеале да поднесат барање за приватизација.

„Со ова ќе се овозможи голем број корисници на градежно земјиште кои од разни причини не поднеле барање за приватизација, да можат тоа да го сторат до 15 декември“, рече Џеладини.

Исто така, со измените се предлага правните субјекти на кои во изминатиот период им се доделувани решенија за корисничко право на големи површини земјиште, да можат да го приватизираат само оној дел на кој се наоѓа деловниот објект.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik