Турските инвеститори го шират бизнисот во Македонија

Bez autora
Sep 17 2014

Турската компанија од земјоделскиот сектор „Смирна Парс“ денеска на бизнис-форум во Ескишехир пред македонската владина делегација и голем број турски бизнисмени објави дека планира да го прошири бизнисот во Македонија. Сопственикот на фирмата, Ридван Уретен, порача дека нивната прва инвестиција е во Битола, а сега планираат да купат земјиште во Могила и Новица, а потоа и во Росоман. Ќе направиме нови садници со земјоделски производи и изградба на откупно-дистрибутивни центри. Ова е инвестиција во земјоделството, изјави Уретен. Тој истакна дека Македонија ја гледаат како стратешко место бидејќи од кај нас многу полесно и побрзо ги пласираат нивните производи на европскиот пазар. Тој им порача на турските инвеститори дека откако ќе ги видат условите што ги нуди Македонија ќе посакаат да дојдат и да инвестираат.

Турските инвеститори го шират бизнисот во МакедонијаТурската компанија од земјоделскиот сектор „Смирна Парс“ денеска на бизнис-форум во Ескишехир пред македонската владина делегација и голем број турски бизнисмени објави дека планира да го прошири бизнисот во Македонија. Сопственикот на фирмата, Ридван Уретен, порача дека нивната прва инвестиција е во Битола, а сега планираат да купат земјиште во Могила и Новица, а потоа и во Росоман.

„Ќе направиме нови садници со земјоделски производи и изградба на откупно-дистрибутивни центри. Ова е инвестиција во земјоделството“, изјави Уретен. Тој истакна дека Македонија ја гледаат како стратешко место бидејќи од кај нас многу полесно и побрзо ги пласираат нивните производи на европскиот пазар. Тој им порача на турските инвеститори дека откако ќе ги видат условите што ги нуди Македонија ќе посакаат да дојдат и да инвестираат.

Покрај бизнис-форумите, премиерот Никола Груевски утре се очекува да оствари средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и со турскиот премиер Ахмет Давитоглу.

Тој заедно со владиниот тим, деновиве ги претставува можностите за инвестирање во пет градови кои се економски центри на Турција. „Ние сме влада која е во постојан контакт со бизнисот, со стопанските комори, со компаниите. Ние секојдневно комуницираме и ги слушаме нивните барања. Ги анализираме и огромен дел од нив ги прифаќаме и спроведуваме. Така и планираме да продолжиме“, им порача премиерот Никола Груевски на турските бизнисмени.

Министерот без ресор пак, задолжен за привлекување странски инвестиции Фуркан Чако во своето обраќање пред присутните истакна дека односите со Турција се исклучително пријателски, што е добра основа за зголемување на економска соработка. „Имаме можност да разговараме со различни претставници на бизнисот и стопанственици кои се заинтересирани за инвестирање во странство. Ние сме постојано достапни за странските инвеститори и постојано спроведуваме реформи на тој план“, изјави министерот Чако. Бизнис-форумот се организираше во соработка со Унијата на комори и стокови берзи на Република Турција (ТАББ) и Стопанската комора на Ескишехир, и на кој присуствуваа претставници на компании од областа на високотехнолошката индустрија, железничката и машинската индустрија, како и од прехранбената индустрија.

Претседателот на Стопанската комора на Ескишехир, Саваш Озајдемир, порача дека поседуваат потенцијал кој може да се искористи.

„Економијата на Ескишехир опфаќа производи за авионската индустрија, како и железничката, прехранбената и автомобилската индустрија кон која се има посебен фокус“, посочи Озајдемир.

На бизнис-форумот во Измит турските бизнисмени покажале интерес за инвестирање во туризмот, енергетиката, металската и хемиската индустрија во Македонија. Подготвеност за инвестирање пред владината делегација изрази и група македонски иселеници од индустриската област Коџаели и Истанбул. На разговорите за повеќе општествени и политички теми истакнале дека ја одржуваат врската со Македонија.

Наредните денови се очекува владината делегација да одржи бизнис-форуми во Анкара, Адана и Мерсин.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik