Гугл возило ќе ги снима улиците во Македонија

Bez autora
Sep 23 2014

Наскоро македонските граѓани ќе можат да го забележат автомобилот на Гугл кој ќе вози низ поголемите градови и ќе ги фотографира улиците за панорамски фотографии од 360 степени. Првите улиците кои ќе бидат фотографирани ќе бидат од Скопје и Битола, потоа Куманово, Прилеп, Тетово, Охрид... Гугл ќе вози низ Македонија почнувајќи од 29 септември, со цел да го подобри квалитетот на Гугл Мапс и да собере слики за популарната опција Стрит Вју. Планираме да започнеме со возење во Скопје и наскоро ќе го прошириме и низ другите градови и села, започнувајќи со најголемите градови и најинтересните места во Македонија. Вкупно планираме да покриеме колку што е можно повеќе од патната мрежа во текот на наредните неколку месеци, велат од Гугл.

Гугл возило ќе ги снима улиците во МакедонијаНаскоро македонските граѓани ќе можат да го забележат автомобилот на Гугл кој ќе вози низ поголемите градови и ќе ги фотографира улиците за панорамски фотографии од 360 степени. Првите улиците кои ќе бидат фотографирани ќе бидат од Скопје и Битола, потоа Куманово, Прилеп, Тетово, Охрид... Гугл ќе вози низ Македонија почнувајќи од 29 септември, со цел да го подобри квалитетот на Гугл Мапс и да собере слики за популарната опција Стрит Вју.

„Планираме да започнеме со возење во Скопје и наскоро ќе го прошириме и низ другите градови и села, започнувајќи со најголемите градови и најинтересните места во Македонија. Вкупно планираме да покриеме колку што е можно повеќе од патната мрежа во текот на наредните неколку месеци“, велат од Гугл.

Стрит Вју е многу популарна опција на Гугл Мапс која беше лансирана во мај 2007 година и е веќе достапна низ 59 земји. Таа им овозможува на корисниците виртуелно да истражат и да се движат низ одредено маало, преку панорамските слики направени на реално ниво од улицата.

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски смета дека благодарение на Гугл Стрит Вју, Македонија може да се види во нова „димензија“, преку компјутер или паметен телефон. „Ова е особено важно за туризмот што ќе придонесе  за подобро позиционирање на Македонија на светските  туристички атрактивни дестинации, каде што убавината на нашата земја може да се види од кој било уред поврзан со интернет“, вели Ивановски.

Гугл се обратил и до Дирекцијата за заштита на личните податоци. На сликите наменети за Стрит Вју, пред да бидат објавени, појаснуваат ќе има замаглување на лицата и регистарските таблички. Кога сликите ќе бидат достапни, луѓето ќе имаат можност да пријават слики за дополнително замаглување со кликање на „репорт а проблем” опцијата на долниот лев агол на сликата, по што пополнуваат краток формулар каде наведуваат прецизно која слика треба да се замагли.

„Слушаме од многу наши корисници во Македонија дека би биле навистина возбудени да имаат Стрит Вју достапно и во Македонија. Затоа денес сме особено среќни да го најавиме почетокот на возењето и да ги направиме убавите улици и градови на прекрасната Македонија отворени за корисниците низ целиот свет. македонските бизниси и корисници исто така ќе уживаат во многуте бенефити на услугата”, изјави Амита Катри, Програмски менаџер за Стрит Вју во Гугл.

На локациите каде Стрит Вју е достапно, ќе може да проверите ресторан пред да пристигнете, да направите планови за патување, да договорите локации за средби, или пак да добиете помош за домашната работа по географија. Оние кои бараат куќи може да заштедат време преку истражување на имоти и нивното окружување пред да ги посетат, а истовремено и да пронајдат и упатство за возење до таму. Исто така пред да заминете на одмор можете да ја проверите точната дестинација и да го пронајдете хотелот и местата околу него, каде што треба да го поминете вашиот долгоочекуван одмор.

Бизнисите исто така може да имаат бенефит од Стрит Вју технологијата преку бесплатно вметнување на Гоогле Мапс директно на нивните веб страници, што би им помогнало, на пример, да промовираат ланец на хотели, или пак да ја зголемат свесноста за локална библиотека или ресторан.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik