ЕВН Македонија инвестира над половина милион евра во проекти во струмичко и радовишко

Bez autora
Sep 29 2014

Корисничкиот енерго центар на ЕВН Македонија во Струмица ја реконструира дистрибутивната мрежа во струмичкиот и радовишкиот регион. На повеќе улици во Струмица и Радовиш, се гради нова нисконапонска мрежа и целосно се менува постоечката. Се заменуваат старите дрвени столбови со нови бетонски и се поставуваат кабли со поголем пречник. Рeконструирана е дистрибутивната мрежа во селата, Радово, Добрашинци, Седларци, Свидовица, Мокриево, Моноспитово, Василево, Јаргулица, Ново Коњарево, Ангелци и Дрвош, а до крајот на годината ќе се финализираат работите и во селата Владевци, Борисово, Чанаклија и Иловица. Поставени се нови приклучни точки изградени се нови четири трафостаници, реконструирани се три, а уште три трафостаници ќе се изградат до крајот на годината.

ЕВН Македонија инвестира над половина милион евра во проекти во струмичко и радовишкоКорисничкиот енерго центар на ЕВН Македонија во Струмица ја реконструира дистрибутивната мрежа во струмичкиот и радовишкиот регион.

На повеќе улици во Струмица и Радовиш, се гради нова нисконапонска мрежа и целосно се менува постоечката. Се заменуваат старите дрвени столбови со нови бетонски и се поставуваат кабли со поголем пречник.

Рeконструирана е дистрибутивната мрежа во селата, Радово, Добрашинци, Седларци, Свидовица, Мокриево, Моноспитово, Василево, Јаргулица, Ново Коњарево, Ангелци и Дрвош, а до крајот на годината ќе се финализираат работите и во селата Владевци, Борисово, Чанаклија и Иловица. Поставени се нови приклучни точки изградени се нови четири трафостаници, реконструирани се три, а уште три трафостаници ќе се изградат до крајот на годината. Поставена или реконструирана е нова нисконапонска мрежа во должина од 5,5 километри. Со ова се подобруваат напонските прилики и се електрифицираат местата каде досега немаше дистрибутивна мрежа.

За намалување на времетраењето на дефекти, подобрување на напонот и зголемена безбедност на среднонапонската мрежа во село Бориово заменети се сите столбови и проводници на трасата во должина од 1000 метри. На целата територијата на Општина Радовиш поставени се 15 нови разделувачи на моќност во среднонапонската мрежа, со што се зголемуваат можностите за управување со мрежата и скратување на времетраењето на дефектите.

Во село Дабиље изградена е нова среднонапонска кабелска врска помеѓу трафостаницата „Лук-оил“ и трафостаницата „Идеа Дабиле“ за подобрување на напојувањето на средно напонско ниво и заштита на индустриска зона и селото Дабиле од дефекти во среднонапонската мрежата.

Инвестицијата на ЕВН Македонија за овие проекти во струмичкиот регион изнесува над 550 илјади евра и со неа ќе се подобрат условите за снабдување со електрична енергија за над 3.500 корисници.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik