„Микросам АД“ награден за 25-годишно градење партнерски однос

Bez autora
Sep 30 2014

„Микросам АД“ е добитник на статуетка за 2013 година во категоријата односи на пазарот за проектот „Задоволството на купувачот е најголемо признание за успехот на компанијата“, од страна на Министерството за економија и Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата. Во иста насока, компанијата го најавува следниот проект, научен семинар кој ќе се одржи по втор пат годинава во организација со Институтот за современи композити и роботика (СКР). Тој обединува професионалци од повеќе земји кои неколку денови ќе анализираат нови трендови во композитната индустрија, иновации во композитните производни процеси и демонстрации на најсовремените машински и софтверски решенија развиени од „Микросам АД“.

„Микросам АД“ награден за 25-годишно градење партнерски однос„Микросам АД“ е добитник на статуетка за 2013 година во категоријата односи на пазарот за проектот „Задоволството на купувачот е најголемо признание за успехот на компанијата“, од страна на Министерството за економија и Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата.

Во иста насока, компанијата го најавува следниот проект, научен семинар кој ќе се одржи по втор пат годинава во организација со Институтот за современи композити и роботика (СКР). Тој обединува професионалци од повеќе земји кои неколку денови ќе анализираат нови трендови во композитната индустрија, иновации во композитните производни процеси и демонстрации на најсовремените машински и софтверски решенија развиени од „Микросам АД“.

„Семинарот покрива современи технологии за процесирање композитни материјали и опфаќа теоретски и практичен дел. Теоретскиот дел се состои од презентации во специфични области од индустријата, а практичниот од демонстрации на различни композитни технологии на машини инсталирани во лабораторијата на СКР - една од најсовремените од ваков вид во светот. На семинарот ќе присуствуваат професионалци (инженери, научници, професори) од земјата и странство кои ќе земат учество. Професионалната размена на искуства е уште една потврда за ориентацијата на компанијата и грижата кон деловните партнери“, велат од „Микросам АД“.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik