Инвестицијата на „ОДВ Електрик“ ќе ја придвижи охридската економија

Bez autora
Oct 01 2014

Изградбата на новата технолошко индустриска развојна зона помеѓу Струга и Охрид, каде на пролет своја фабрика ќе отвори познатата германска компанија за производство на електрични инсталации „ОДВ Електрик“, покрај нови работни места ќе овозможи и развој на локалната економија. Ова беше истакнато на презентацијата на активностите за реализација на првата странска инвестиција во оваа зона, на која присуствуваа директорот на Дирекцијата технолошко индустриски развојни зони Виктор Мизо, извршниот директор на „ОДВ Електрик“ Лудвиг Батон, извршниот директор на „ОДВ Електрик“ за Македонија Огнен Цубалевски и градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески.

Изградбата на новата технолошко индустриска развојна зона помеѓу Струга и Охрид, каде на пролет своја фабрика ќе отвори познатата германска компанија за производство на електрични инсталации „ОДВ Електрик“, покрај нови работни места ќе овозможи и развој на локалната економија.        Ова беше истакнато на презентацијата на активностите за реализација на првата странска инвестиција во оваа зона, на која присуствуваа директорот на Дирекцијата технолошко индустриски развојни зони Виктор Мизо, извршниот директор на „ОДВ Електрик“ Лудвиг Батон, извршниот директор на „ОДВ Електрик“ за Македонија Огнен Цубалевски и градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, пренесе Ohridnews.  Се повеќе инвеститори не се одлучуваат да дојдат во Скопје туку во други градови низ државата. Ваква инвестиција за Охрид со 1.000 вработувања има многу поголемо значење за помал град отколку што би имало за град кој е два или десет пати поголем од Охрид,–рече директорот на Дирекција за технолошко индустриски развојни зони Виктор Мизо.     Паралено со технолошко индустриската развојна зона Струга – Охрид, се гради и фабриката на „ОДВ Електрик“ на површина од 10.000 метри квадратни. Предвидено е да вработи 1000 лица, а компанијата веќе почна со обука на работнци во своите погони во Украина, каде се произведуваат идентични производи какви што ќе се прават во зоната Струга – Охрид. „ОДВ Електрик“, исто така, почна со пробно производство во адаптиран погон во Охрид каде работат 25 лица, а нивниот број до крајот на годината се очекува да се искачи на 100. Тие ќе добиваат македонски плати кои на почеток ќе изнесуваат 12.000 денари.     Не можеме ние да очекуваме германски плати, а македонска продуктивност. Во моментов платите се над македонскиот просек, квалитетни со се што оди со нив, со почитување на правата и на вработените и на работодавачот. Во иднина како ќе расте квалитетот на производството така ќе растат и платите пред се на квалификуваните кадри, изјави Огнен Цубалевски – извршен директор на „ОДВ Електрик“ за Македонија. Тој истакна дека „ОДВ Електрик“ ја избрал Македонија за инвестирање во конкуренција на Романија, Бугарија, Молдавија, Белорусија и Србија, поради поволните понудени услови.     Градоначалникот Никола Бакрачески истакна дека реализацијата на првата странска инвестиција во Охрид, ќе овозможи локален економски раст, подигање на животниот стандард и отварање на нови работни места.     -Оваа инвестиција претставува своевиден нов импулс во развојот на локалната економија во Охрид и создава услови за креирање нови работни места согласно бизнис плановите на „ОДВ Електрик“. Како локална самоуправа сме силно посветени кон напорите на владата за олеснување на условите за реализација на вакви странски инвестиции во Охрид. Подготвени сме да ги исполниме сите обврски коишто ги презедовме заедно со Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони и „ОДВ Електрик“ во насока на поддршка на оваа инвестиција, а кои што се во надлежност на локалната самоуправа. Ќе направиме се што е во наша моќ да ги забрзаме постапките кои се во ингеренции на локалната самоуправа со цел овие странски инвестиции што поефикасно да се реализираат во Охрид,-рече Бакрачески.     Првата испорака на производи од фабриката на „ОДВ Елетрик“ во Македонија се очекува до крајот на оваа, или на почетокот од идната година.Изградбата на новата технолошко индустриска развојна зона помеѓу Струга и Охрид, каде на пролет своја фабрика ќе отвори познатата германска компанија за производство на електрични инсталации „ОДВ Електрик“, покрај нови работни места ќе овозможи и развој на локалната економија.

Ова беше истакнато на презентацијата на активностите за реализација на првата странска инвестиција во оваа зона, на која присуствуваа директорот на Дирекцијата технолошко индустриски развојни зони Виктор Мизо, извршниот директор на „ОДВ Електрик“ Лудвиг Батон, извршниот директор на „ОДВ Електрик“ за Македонија Огнен Цубалевски и градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, пренесе Ohridnews.

Се повеќе инвеститори не се одлучуваат да дојдат во Скопје туку во други градови низ државата. Ваква инвестиција за Охрид со 1.000 вработувања има многу поголемо значење за помал град отколку што би имало за град кој е два или десет пати поголем од Охрид,–рече директорот на Дирекција за технолошко индустриски развојни зони Виктор Мизо.

Паралено со технолошко индустриската развојна зона Струга – Охрид, се гради и фабриката на „ОДВ Електрик“ на површина од 10.000 метри квадратни. Предвидено е да вработи 1000 лица, а компанијата веќе почна со обука на работнци во своите погони во Украина, каде се произведуваат идентични производи какви што ќе се прават во зоната Струга – Охрид. „ОДВ Електрик“, исто така, почна со пробно производство во адаптиран погон во Охрид каде работат 25 лица, а нивниот број до крајот на годината се очекува да се искачи на 100. Тие ќе добиваат македонски плати кои на почеток ќе изнесуваат 12.000 денари.

Не можеме ние да очекуваме германски плати, а македонска продуктивност. Во моментов платите се над македонскиот просек, квалитетни со се што оди со нив, со почитување на правата и на вработените и на работодавачот. Во иднина како ќе расте квалитетот на производството така ќе растат и платите пред се на квалификуваните кадри, изјави Огнен Цубалевски – извршен директор на „ОДВ Електрик“ за Македонија. Тој истакна дека „ОДВ Електрик“ ја избрал Македонија за инвестирање во конкуренција на Романија, Бугарија, Молдавија, Белорусија и Србија, поради поволните понудени услови.

Градоначалникот Никола Бакрачески истакна дека реализацијата на првата странска инвестиција во Охрид, ќе овозможи локален економски раст, подигање на животниот стандард и отварање на нови работни места.

- Оваа инвестиција претставува своевиден нов импулс во развојот на локалната економија во Охрид и создава услови за креирање нови работни места согласно бизнис плановите на „ОДВ Електрик“. Како локална самоуправа сме силно посветени кон напорите на владата за олеснување на условите за реализација на вакви странски инвестиции во Охрид. Подготвени сме да ги исполниме сите обврски коишто ги презедовме заедно со Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони и „ОДВ Електрик“ во насока на поддршка на оваа инвестиција, а кои што се во надлежност на локалната самоуправа. Ќе направиме се што е во наша моќ да ги забрзаме постапките кои се во ингеренции на локалната самоуправа со цел овие странски инвестиции што поефикасно да се реализираат во Охрид,-рече Бакрачески.

Првата испорака на производи од фабриката на „ОДВ Елетрик“ во Македонија се очекува до крајот на оваа, или на почетокот од идната година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik