„Дуинг бизнис“: Македонија е најдобра земја за започнување бизнис

Bez autora
Oct 29 2014

Македонија е рангирана на 30-то место од вкупно 189 држави во светот во најновиот извештај на Светска Банка „Дуинг бизнис“. Македонија најдобра оценка, односно на прво место, е оценета како најдобро место за започнување на бизнис и најдобра по наплатата на даноци. Од останатите 10 параметри коишто влегуваат во овој извештај, Македонија добро е оценета за добивање дозволи за градба, приклучоци за електрична енергија и заштита на инвеститорските права. Најлошо се оценети спроведувањето на договорите и регистрацијата на имотот. Три македонски градови влегоа во извештајот на Светска банка меѓу 22 градови во светот што се посочени како најдобри места за инвестирање. Битола на четврто, Скопје на 16-то и Тетово на 17-то место.

„Дуинг бизнис“: Македонија е најдобра земја за започнување бизнисМакедонија е рангирана на 30-то место од вкупно 189 држави во светот во најновиот извештај на Светска Банка „Дуинг бизнис“.

Македонија најдобра оценка, односно на прво место, е оценета како најдобро место  за започнување на бизнис и најдобра по наплатата на даноци.

Од останатите 10 параметри коишто влегуваат во овој извештај, Македонија добро е оценета за добивање дозволи за градба, приклучоци за електрична енергија и заштита на инвеститорските права. Најлошо се оценети спроведувањето на договорите и регистрацијата на имотот.

Три македонски градови влегоа во извештајот на Светска банка меѓу 22 градови во светот што се посочени како најдобри места за инвестирање. Битола на четврто, Скопје на 16-то и Тетово на 17-то место.

И во однос на државите од регионот, Македонија е најдобро пласирана држава. Според извештајот на „Дуинг бизнис“  Црна Гора се најде на 36-то место, Бугарија на 38, Словенија 51, Грција 61, Хрватска на 65, Албанија на 68, Косово на 75, Србија на 91 и Босна и Херцеговина на 107-то место.

Годинава на прво место во светот е Сингапур, следуваат Нов Зеланд и Хонг Конг.

Светска банка прави рангирање во последниве три години. Минатата година Македонија беше на 31-то место.

Првиот извештај на Светска банка „Дуинг бизнис“ е објавен за 2004-та година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik