Финансиската зона ќе биде во касарната „Илинден“

Bez autora
Dec 21 2014

Идната слободна финансиска зона ќе биде најверојатно во просторот каде што е сега касарната „Илинден“ во Скопје и ќе опфаќа околу 30 до 40 хектари. Ова го најави вчеравечер вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, во емисијата „Акцент“ на Македонската радиотелевизија. Ставрески истакна дека во идната меѓународна финансиска зона секој капитал ќе доаѓа од проверен извор. Тој очекува регулативата да биде заокружена во првиот квартал следната година, а зоната да профункцинира во летото 2015. Првите компании или финансиски друштва, пак, би почнале да работат во 2016 година. Инаку, уставните амандмани со кои се регулираат и слободните финансиски зони се' уште не се донесени од страна на Собранието. Јавната расправа за нив е завршена и се очекува Владата да го достави до Собранието предлог текстот на амандманите.

Финансиската зона ќе биде во касарната „Илинден“Идната слободна финансиска зона ќе биде најверојатно во просторот каде што е сега касарната „Илинден“ во Скопје и ќе опфаќа околу 30 до 40 хектари. Ова го најави вчеравечер вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, во емисијата „Акцент“ на Македонската радиотелевизија.

Ставрески истакна дека во идната меѓународна финансиска зона секој капитал ќе доаѓа од проверен извор. Тој очекува регулативата да биде заокружена во првиот квартал следната година, а зоната да профункцинира во летото 2015. Првите компании или финансиски друштва, пак, би почнале да работат во 2016 година. Инаку, уставните амандмани со кои се регулираат и слободните финансиски зони се' уште не се донесени од страна на Собранието. Јавната расправа за нив е завршена и се очекува Владата да го достави до Собранието предлог текстот на амандманите.

„Во слободните финансиски зони ќе може да работат финансиски друштва од различен профил. На пример инвестициски банки, компании за управување со средства, траст фондови и други инвестициски фондови, односно сите оние кои сега или ги немаме или се во рудиментиран облик кај нас“, истакна Ставрески.

Тој е дециден дека финансиските зони не се наменети за привлекување неидентификуван или нечист капитал, ниту пак дека се предвидува да се формира некаква оф-шор зона.

„Секој капитал ќе доаѓа од проверен извор, од реномирана банка во светот и ќе се аплицираат сите правила кои важат за проверка на средствата во функција на спречување прилив на капитал од неидентификувани извори. Значи, надлежностите на Финансиската полиција, на Управата за јавни приходи, на сите оние кои сега имаат надлежности во следењето на финансиските текови ќе бидат и во рамки на зоната“, изјави Ставрески додавајќи дека ќе бидат применети најдобрите практики во светот и дека во зоните најверојатно како основа ќе се земе дел од англосаксонското право за базичните закони за решавање спорови меѓу фирмите, регулативата за инвестициски фондови од Луксембург, итн. што ќе се надгради со други примери. „На тој начин ќе креираме единствена регулатива што ќе важи за македонската финансиска зона, којашто ќе можат странските финансиски друштва полесно да ја препознаат, и којашто им обезбедува заштита од некомерцијален ризик и им ги обезбедува сите права што ги имаат во развиените земји, но од друга страна трошоците им се пониски“, истакна Ставрески.

Начинот на кој ќе ги привлекуваат финансиските институции ќе биде сличен како и кај сегашните активности со кои се претставуваат погодностите во економските зони на странските компании.

„Тие ќе дојдат во зоната бидејќи таму ќе имаме атрактивни услови, пред се' во делот на даночните поволности, кои ќе бидат слични како во сегашните слободни економски зони, но уште повеќе поради тоа што очекуваме трошоците тука да бидат пониски и бизнис-процедурата да биде многу поефикасна“, изјави Ставрески.

Покрај вработувањата на луѓе од Македонија и воведување услуги кои сега ги нема кај нас, придобивка ќе имаат и домашните финансиски институции кои ќе можат да развиваат нови финансиски производи и дејности.

„Домашните компании, финансиски друштва и банки ќе имаат корист преку стекнување знаење како треба одредени продукти да се понудат, да се дизајнираат и на тој начин и македонската економија да има корист од отворањето на финансиската зона“, оцени Ставрески.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik