И сончоглед ќе се одгледува по системот „капка по капка“

Bez autora
Dec 25 2014

Со неколкукратно повисоки приноси од пченката, откако се воведе системот „капка по капка“, земјоделците во Македонија повторно почна да ги засејуваат површините со оваа житна култура. Како резултат од воведувањето на овој систем, приносите на пченка се зголемени од 3-4 на 15 тони. Затоа е одлучено в година во проектот да биде вклучен и сончогледот. Проектот се реализира со финансиска помош од програмата на УСАИД и Швајцарската влада. Еден од корисниците на средствата е и Фадил Фиуљанин од Градско, кој не го криеше задоволството од ефектите. Презадоволен сум од добиената реколта. Со овој проект ни овозможија приход двојно повисок од претходно. До оваа година садев еден хектар пченка за силажа и добивав до 6 тони, а сега со новиот систем ’капка по капка‘, дојдов до 15 тони. Вложив севкупно 500 евра, а добив многу повеќе од претходните години, вели земјоделецот Фиуљанин.

И сончоглед ќе се одгледува по системот „капка по капка“Со неколкукратно повисоки приноси од пченката, откако се воведе системот „капка по капка“, земјоделците во Македонија повторно почна да ги засејуваат површините со оваа житна култура.

Како резултат од воведувањето на овој систем, приносите на пченка се зголемени од 3-4 на 15 тони. Затоа е одлучено в година во проектот да биде вклучен и сончогледот. Проектот се реализира со финансиска помош од програмата на УСАИД и Швајцарската влада. Еден од корисниците на средствата е и Фадил Фиуљанин од Градско, кој не го криеше задоволството од ефектите.

„Презадоволен сум од добиената реколта. Со овој проект ни овозможија приход двојно повисок од претходно. До оваа година садев еден хектар пченка за силажа и добивав до 6 тони, а сега со новиот систем ’капка по капка‘, дојдов до 15 тони. Вложив севкупно 500 евра, а добив многу повеќе од претходните години“, вели земјоделецот Фиуљанин.

Неговите и резултатите на другите земјоделци беа презентирани на средбата со фармерите од Повардарието, која се одржа во Велес. Тие бесплатно го добиваат системот кој чини 2.500 евра. Во регионот беа доделени 15 такви системи.

„Слушнав дека во Пелагонија овој проект дал добри резултати, па аплицирав и јас. Како почетник стигнав до принос од 12 тони, наспроти трите што ги имав претходно како род. Ги почитував протоколите за работа, ги следев советите на надлежните и има резултати“, рече Ферхан Биберовиќ од Горно Оризари, Велешко.

Рекордот во Повардарието го држи Глигор Алексов од селото Камен Дол, општина Росоман, каде што пченката роди 17 тони од хектар. За да го добијат системот, земјоделците требаше да имаат најмалку пет молзни крави со што, посредно, со одгледување на пченката се враќа и млекопроизводството и сточарството.

„Работиме во четири региони во Македонија, Вардарски, Североисточен, Пелагониски и Полошки регион. За годинава што изминува дониравме 70 системи ’капка по капка‘ за одгледување пченка. В година програмата се проширува на 160 хектари, од кои 120 се за пченка, а 40 хектари за сончоглед. Ова е новина, бидејќи овие две култури се комплементарни и се препорачува ротација. Сакаме да го вратиме одгледувањето сончоглед по македонските полиња. Познато е дека Македонија е зависно увозна за сончоглед и пченка и затоа сакаме да дадеме наш придонес за враќање на овие две основни култури од кои зависат многу други сектори, како што се млекопроизводството, живинарството, свињарството, сточарството. Со воведувањето нови технологии, во практиката покажуваме дека е можен повисок принос“, рече Мартин Трајчев од проектот „Експанзија на мали бизниси“ при УСАИД.

Оваа година за проектот се одделени 400 илјади долари. Крајната цел е за пет до шест години Македонија да не биде толку многу зависна со увоз на пченка и сончоглед.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik