Нови 6 милиони денари субвенции за сончеви колектори

Bez autora
Jan 27 2015

Државата и годинава ќе додели 6 милиони денари субвенции за граѓаните кои ќе вградат сончеви колектори. Огласот го објави Министерството за економија, а граѓаните може да поднесат барање до 31 мај 2015 година. Граѓаните може да побараат субвенција за вградените сончеви термални колекторски системи по 26 јануари 2015 година. Субвенцијата е до 30 проценти од трошоците, но не повеќе од 300 евра во денарска противвредност. Ова е седми оглас за субвенционирање. Државата досега има исплатено 43 милиони денари на шесте огласи објавени од 2007до 2014 година. Добитниците од овогодинешниот оглас ќе се извлекуваат јавно на 6 јуни. Граѓаните кои веќе го искористиле правото на субвенции во текот на претходните години не можат повторно да се пријават на огласот.

Нови 6 милиони денари субвенции за сончеви колекториДржавата и годинава ќе додели 6 милиони денари субвенции за граѓаните кои ќе вградат сончеви колектори. Огласот го објави Министерството за економија, а граѓаните може да поднесат барање до 31 мај 2015 година.

Граѓаните може да побараат субвенција за вградените сончеви термални колекторски системи по 26 јануари 2015 година. Субвенцијата е до 30 проценти од трошоците, но не повеќе од 300 евра во денарска противвредност. Ова е седми оглас за субвенционирање. Државата досега има исплатено 43 милиони денари на шесте огласи објавени од 2007до 2014 година. Добитниците од овогодинешниот оглас ќе се извлекуваат јавно на 6 јуни. Граѓаните кои веќе го искористиле правото на субвенции во текот на претходните години не можат повторно да се пријават на огласот. Покрај образецот за барање, заинтересираните странки треба да достават фискална сметка и фактура со извод од деловна банка како докази за извршено купување на колекторскиот систем.

Целта на програмта е стимулирање на користењето на сончевата енергија во Македонија. Вложувањето во ваков зафат овозможува просечна годишна заштеда во износ од 8.400 денари по домаќинство. Инсталирањето на сончеви колектори ја намалува потрошувачката на електрична енергија за околу 2.400 киловат часови по објект во период од 12 месеци. Доколку сите домаќинства во земјава, околу 600.000, инсталираат соларен термален колектор во својот дом, годишно ќе се заштедат 144.000 киловат-часови струја.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik