Тав Македонија: За пет години 75 отсто повеќе патници и 17 нови дестинации

Bez autora
Feb 26 2015

Зголемување на бројот на патници за 75 отсто на двата аеродроми – скопскиот „Александар Велики“ и охридскиот „Св. Апостол Павле“ и воведување на 17 нови дестинации се резултатите од петгодишното менаџирање на „ТАВ Македонија“ на домашните воздухопловни пристаништа. Бројот на патници на двата аеродроми лани достигнал 1.278.343, наспроти 729.297 колку што изнесувал пред пет години. Откако компанијата, која е дел од турскиот холдинг „ТАВ аеродроми“, во 2010 година оперативно го презеде управувањето, бројот на патници на скопскиот аеродром „Александар Велики“ порасна за 76,7 проценти, од 684.905 патници во 2010, на 1.210.509 минатата година. Осетен пораст бележи и карго превозот кој лани се зголемил за 33 отсто во однос на претходната година.

Тав Македонија: За пет години 75 отсто повеќе патници и 17 нови дестинацииЗголемување на бројот на патници за 75 отсто на двата аеродроми – скопскиот „Александар Велики“ и охридскиот „Св. Апостол Павле“ и воведување на 17 нови дестинации се резултатите од петгодишното менаџирање на „ТАВ Македонија“ на домашните воздухопловни пристаништа.

Бројот на патници на двата аеродроми лани достигнал 1.278.343, наспроти 729.297 колку што изнесувал пред пет години.

Откако компанијата, која е дел од турскиот холдинг „ТАВ аеродроми“, во 2010 година оперативно го презеде управувањето, бројот на патници на скопскиот аеродром „Александар Велики“ порасна за 76,7 проценти, од 684.905 патници во 2010, на 1.210.509 минатата година.  Осетен пораст бележи и карго превозот кој лани се зголемил за 33 отсто во однос на претходната година.

„Деновиве кога се навршуваат петте години откако турскиот „ТАВ аеродроми“ го презеде управувањето со „Александар Велики“ и „Св. Апостол Павле“, можеме да бидеме горди со досегашниот развој на авиосообраќајот во Македонија, за што придонесовме заедно со Владата и со авиокомпаниите како наши партнери, како и со сите инволвирани институции“, изјави Зоран Крстевски, генерален директор на „ТАВ Македонија“.

Тој истакна дека денес од Скопје може да се лета кон вкупно 26 дестинации во Европа и една кон Дубаи, што е значајна разлика во однос на состојбата која беше затекната во 2010-та, кога главниот град имаше воздушно поврзување со само 10 градови.

Крстевски информираше дека минатата година најфренкфетна дестинација од Скопје бил Истанбул, за каде летаат две компании.

Од Скопје сега летаат вкупно 12 авиопревозници, од кои три се нискобуџетни.Крстевски истакна дека наскоро се очекува воведување на десетина нови дестинации, од кои шест ќе ги воспостави нискобуџетната „Визер“. Веќе од 4 април Свис ер ќе биде воведен директен лет од Скопје за Женева.

Од Охрид ќе бидат воведени две новии директни линии за Базел и Лондон.

Раководството на компанијата вели дека скопскиот аердором има технички услови за прием на секаков вид на авиони, вклучително и за оние кои летаат на подолги дестинации. И покрај тоа што псотојат разговори со одрддени авиокомпании, засега нема најава дека некоја од нив ќе воведе директнет лет за Северна Америка.

Од компанијата очекуваат во тековната година бројот на аптници на скопскиот аердор д а се зголеми двојно во однос на минатата година и се надеваат дека ќе биде достигната бројката од 1,5 милион патници.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik