Само 4 отсто од домовите се штедливи

Bez autora
Mar 26 2015

Само 4 проценти од 450.000 домаќинства во нашата земја се енергетски ефикасни објекти. Штедливите домови се потреба на модерното време, не само затоа што го чуваат семејниот буџет, туку и поради тоа што ја штедат енергијата и не влијаат врз животната средина, порачаа учесниците на Инвестицискиот форум организиран од УСАИД и „Хабитат“. Квалитетно живеалиште, направено според стандардите за енергетска ефикасност, штеди до 40 проценти енергија, во споредба со стар објект со иста големина. Националната стратегија за енергетска ефикасност до 2020 година, а што ја усвои Македонија, предвидува инвестиции во висина од 520 милиони евра. Од нив 257 милиони треба да се инвестираат во приватниот сектор, првенствено преку воведување енергетска ефикасност во домовите.

Само 4 отсто од домовите се штедливиСамо 4 проценти од 450.000 домаќинства во нашата земја се енергетски ефикасни објекти. Штедливите домови се потреба на модерното време, не само затоа што го чуваат семејниот буџет, туку и поради тоа што ја штедат енергијата и не влијаат врз животната средина, порачаа учесниците на Инвестицискиот форум организиран од УСАИД и „Хабитат“. Квалитетно живеалиште, направено според стандардите за енергетска ефикасност, штеди до 40 проценти енергија, во споредба со стар објект со иста големина.

Националната стратегија за енергетска ефикасност до 2020 година, а што ја усвои Македонија, предвидува инвестиции во висина од 520 милиони евра. Од нив 257 милиони треба да се инвестираат во приватниот сектор, првенствено преку воведување енергетска ефикасност во домовите.

„Над 40 проценти од светската енергија се користи за загревање и ладење на станбени објекти. За жал, и на глобално ниво, најголемиот дел од енергијата се добива од фосилни горива, кои вршат најголем притисок врз животната средина. Потребно е итно намалување на нивната употреба и замена со обновливи извори, а истовремено и инвестиции во објекти кои ќе трошат помалку енергија“, посочи заменик-министерот за животна средина Стево Темелковски.

Предизвикот е огромен, со оглед на тоа што за постигнување на зацртаните цели, треба да се отворат околу 10.000 работни места, пред се', за квалификувани градежни работници.

Инвестициите од близу 300 милиони евра во енергетски ефикасни домови треба да го привлечат бизнис-секторот. Стопанската комора ќе спроведе обуки за едукатори кои ќе треба да едуцираат околу 10.000 работници за изведување на енергетски ефикасни објекти. Тоа, пред се', се градежници, фасадери, изведувачи на покриви и прозорци, рече претседателот на СКМ, Бранко Азески. Тој порача дека треба да се размислува и во насока на формирање Фонд за енергетска ефикасност, кој истовремено ќе работи и со бизнисот и со институциите.

Инвестирањето во штедливи домови, преку проект на УСАИД, веќе три години се реализира во Македонија. Првенствено е наменет за унапредување на животните услови во станбените згради во кои живеат семејства со ниски примања.

„Овој проект им помага на семејствата кои живеат во колективни станбени згради да ја намалат потрошувачката на енергија и со тоа да ја намалат висината на сметките. Реновирани се 32 колективни станбени згради во 7 општини, поддржувајќи повеќе од 600 домаќинства“, изјави Зоран Костов, извршен директор на „Хабитат Македонија“.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik