„Телеком“ ќе исплати дивиденда од 36,7 милиони евра

Bez autora
Mar 26 2015

Телекомуникацискиот оператор „Македонски телеком“ ќе исплати дивиденда за 2014 година во бруто износ 36,7 милиони евра, што е еднакво на нето-добивката на компанијата за годината. Предлогот ќе се разгледува на Собранието на акционери на 15 април, а исплатата на дивидендата е планирано да се изврши од 18 до 29 мај. Бруто износот на дивиденда по акција, информираат од компанијата, изнесува 26,23 денари. Најголем акционер е „Дојче Телеком“, кој поседува 56 отсто од акциите, Владата имаа 36,68 отсто акциите, додека малцинските акционери имаат 2,57 отсто од акциите. „Телеком“ за 2013 година исплати дивиденда од 44,1 милион евра од кои на Владата и беа инкасирани 35,5 милиони евра.

„Телеком“ ќе исплати дивиденда од 36,7 милиони евраТелекомуникацискиот оператор „Македонски телеком“ ќе исплати дивиденда за 2014 година во бруто износ 36,7 милиони евра, што е еднакво на нето-добивката на компанијата за годината. Предлогот ќе се разгледува на Собранието на акционери на 15 април, а исплатата на дивидендата е планирано да се изврши од 18 до 29 мај. Бруто износот на дивиденда по акција, информираат од компанијата, изнесува 26,23 денари.

Најголем акционер е „Дојче Телеком“, кој поседува 56 отсто од акциите, Владата имаа 36,68 отсто акциите, додека малцинските акционери имаат 2,57 отсто од акциите. „Телеком“ за 2013 година исплати дивиденда од 44,1 милион евра од кои на Владата и беа инкасирани 35,5 милиони евра.

Првите години по продажбата на „Телеком“ на „Маѓар телеком“, од 2001 до 2003 година, Владата добиваше дивиденда од 18,5 милиони евра. Во 2004 година дивидендата скокна на 44,8 милиони евра, а во 2005 година и на околу 48 милиони евра. По 2007 година новите сопственици одлучија да ја намалат дивидендата, па за 2010 година износот беше намален на 39 милиони евра, за 2011 година 38,7 милиони евра, а за 2012 година 35,5 милиони евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik