Помалку странски инвестиции од лани

Bez autora
May 03 2015

Намалување на странските директни инвестиции во првите два месецa од годинава, во однос на истиот период лани, регистрирала Народна банка на Македонија. Односно, вкупно во јануари и февруари годинава, во земјава влегол странски капитал од близу 47 милиони евра, што е намалување за 26,7 отсто во однос на 64 милиони евра, колку што биле инкасирани во истиот период од минатата година. Притоа, во првите два месеца од годинава, на реално инвестирање отпаѓаат близу 30 милиони евра, каде што влегуваат сопственичкиот капитал и реинвестираната добивка. Додека, пак, останатиот дел од инвестициите опфаќа таканаречени должнички инструменти, кои изнесуваат 17 милиони евра.

Помалку странски инвестиции од ланиНамалување на странските директни инвестиции во првите два месецa од годинава, во однос на истиот период лани, регистрирала Народна банка на Македонија. Односно, вкупно во јануари и февруари годинава, во земјава влегол странски капитал од близу 47 милиони евра, што е намалување за 26,7 отсто во однос на 64 милиони евра, колку што биле инкасирани во истиот период од минатата година.

Притоа, во првите два месеца од годинава, на реално инвестирање отпаѓаат близу 30 милиони евра, каде што влегуваат сопственичкиот капитал и реинвестираната добивка. Додека, пак, останатиот дел од инвестициите опфаќа таканаречени должнички инструменти, кои изнесуваат 17 милиони евра.

Ако странските инвестиции се набљудуваат по месеци, може да се забележи дека странскиот капитал бил „порасположен“ за влегување во земјава во јануари, кога овде „допатувале“ 34,4 милиони евра, додека, пак, многу послаб инвестициски резултат бил забележан во февруари, од 12,6 милиони евра. Инаку, кога беа објавени странските инвестиции за јануари годинава, беше наведено дека тие се на ниво од 36 милиони евра, што значи дека сега јануарската бројка е ревидирана надолу за околу два милиони евра.

Февруарскиот значајно послаб инвестициски резултат доаѓа по три месеци со солидни суми на влезени странски вложувања. Односно, во јануари дошле 34,4 милиони евра, што можеше да се смета како продолжување на добриот тренд и од последните два месеца од минатата година, ноември и декември, со 38 и 35 милиони евра соодветно.

Полошиот инвестициски влез во февруари го наметнува прашањето дали можеби политичката криза во земјава ги „пишмани“ странските инвеститори, на што укажуваа некои од бизнисмените во земјава, кои веќе најавија одложување на некои претходно планирани вложувања. Или, пак, станува збор само за привремено месечно потфрлање, кое се очекува да се надмине во наредниот период?

Пред неколку дена гувернерот на Народна банка на Македонија, Димитар Богов, а деновиве и вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, изјавија дека добро би било политичката криза што побрзо да заврши, со цел стопанството да ги оствари предвидените резултати.

Инаку, вкупно во текот на цела мината година во земјава влегол странски капитал тежок 262 милиони евра, што е само 10 милиони евра повеќе од 2013, кога се инвестирани 252 милиони евра. Овие суми, пак, се повеќе од двојно повисоки во однос на 2012, која заврши со исклучително слаб инвестициски резултат, од 111 милиони евра.

Факт е дека во последниов период повеќе странски компании одлучија да го вложат својот капитал на наша територија, особено во слободните индустриски зони. Во нив се остварија значаен број вработувања, кој според министрите во Владата, изнесува неколку илјади лица. Но, критичарите нагласуваат дека странските компании кои работат во зоните добиваат и значајни бенефиции од државата, во смисла на ослободување од даноци и придонеси, бесплатен закуп на земјиштето, субвенции за обуки на вработените, и слично. А за возврат на тоа, пак, голем број од работниците во овие компании не можат да се пофалат со солидни плати, напротив, кај многу од нив се исплаќа минималната или нешто над оваа плата, што како да го затемни сонот за странски инвестиции.

Инаку, како најуспешни години досега се' уште остануваат 2007, со околу 506 милиони евра и 2008 кога, биле инвестирани 400 милиони евра. Следната 2009 година, кога длабоко навлезе кризата, заврши со 144 милиони евра инвестиции, 2010 имаше 160 милиони евра, а веќе во 2011 инвестициите се искачуваат на 344 милиони евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik