Трговскиот дефицит намален за 150 милиони долари за првиот квартал

Bez autora
May 05 2015

Трговскиот дефицит на Република Македонија во првиот квартал од годината изнесува околу 432 милиони долари, што е намалување за над 150 милиони долари во однос на истиот период лани. Намалувањето на дефицитот се должи на осетно намалениот увоз во наведениот период, а намалување има и на страната на извозот. Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија во периодот јануари - март изнесува 1,02 милијарди долари, а на увозот 1,45 милијарди долари. Во исиот период од минатата одина вкупната вреднсот на извозт изнесувала 1,11 милијарди долари, а на увозот 1,69 милијарди долари. Покриеноста на увозот со извоз е 70.4 отсто, додека во истиот еприод лани изнесувала 65,6 отсто.

Трговскиот дефицит намален за 150 милиони долари за првиот кварталТрговскиот дефицит на Република Македонија во првиот квартал од годината изнесува околу 432 милиони долари, што е намалување за над 150 милиони долари во однос на истиот период лани.

Намалувањето на дефицитот се должи на осетно намалениот увоз во наведениот период, а намалување има и на страната на извозот.

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија во периодот јануари - март изнесува 1,02 милијарди долари, а на увозот 1,45 милијарди долари.

Во исиот период од минатата одина вкупната вреднсот на извозт изнесувала 1,11 милијарди долари, а на увозот 1,69 милијарди долари.

Покриеноста на увозот со извоз е 70.4 отсто, додека во истиот еприод лани изнесувала 65,6 отсто.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетови на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи) и облеката.

Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), електричната енергија и другите метали од платинската група и нивните легури, необработени или во облик на прав.

Според вкупниот обем на надворешно- трговската размена, Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија (51.6% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји).a

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik