Во април растеле и депозитите и кредитите

Bez autora
May 23 2015

Растат депозитите, растат и кредитите, а лошите пласмани имаат само благо зголемување. Ова е сликата за движењата во банкарскиот сектор во земјава во април годинава, која може да се согледа од податоците на Народна банка на Македонија. Станува збор за показателите кои сите ги очекуваа, со оглед на политичката криза во земјава која постои од пред неколку месеци, и беше многу интересно да се види како ќе се рефлектира врз штедењето, како и врз кредитирањето на банките. Во април вкупните депозити пораснале за близу 32 милиони евра во однос на март, при што најголемиот пораст се должи на депозитите на фирмите, кои се зголемиле за 13,6 милиони евра. Ова следува откако во претходните два месеца, во февруари и март, компаниите повлекоа од банките околу 50 милиони евра. Солиден раст има и граѓанското штедење, од речиси 10 милиони евра. Она што е забележливо е дека во април биле „штедливи“ и јавните друштва, чии депозити исто така пораснале за 9 милиони евра.

Растат депозитите, растат и кредитите, а лошите пласмани имаат само благо зголемување.

Ова е сликата за движењата во банкарскиот сектор во земјава во април годинава, која може да се согледа од податоците на Народна банка на Македонија. Станува збор за показателите кои сите ги очекуваа, со оглед на политичката криза во земјава која постои од пред неколку месеци, и беше многу интересно да се види како ќе се рефлектира врз штедењето, како и врз кредитирањето на банките.

Во април вкупните депозити пораснале за близу 32 милиони евра во однос на март, при што најголемиот пораст се должи на депозитите на фирмите, кои се зголемиле за 13,6 милиони евра. Ова следува откако во претходните два месеца, во февруари и март, компаниите повлекоа од банките околу 50 милиони евра. Солиден раст има и граѓанското штедење, од речиси 10 милиони евра. Она што е забележливо е дека во април биле „штедливи“ и јавните друштва, чии депозити исто така пораснале за 9 милиони евра.

Или, на крајот на четвртиот месец од годинава вкупните депозити достигнале 4,7 милијарди евра, од кои на заштеди на домаќинствата отпаѓаат 3,38 милијарди евра, додека, пак, компаниите во моментов чуваат на своите сметки во домашните банки нешто повеќе од една милијарда евра.

Интересно за април е што речиси целиот пораст на депозитите се должи на оние што се вложувале во домашна валутата, и тоа дури 31 милиони евра, додека мала сума од околу 800 илјади евра се должи на зголемување на влоговите изразени во странска валута.

Кога станува збор за кредитирањето, може да се забележи дека април им донел на корисниците нови кредити во износ од 34 милиони евра. Компаниите успеале да добијат заеми од над 15 милиони евра, додека граѓаните се задолжиле со 19 милиони евра кај домашните банки. Лошите кредити во април дошле до ниво од близу 479 милиони евра, што е пораст од 3,4 милиони евра за еден месец, но како процент тие се држат на 11,3 отсто од вкупното кредитно портфолио во земјава. Или, вкупните кредити на крајот на април се на ниво од 4,23 милијарди евра, од кои фирмите се вкупно задолжени со 2,4 милијарди евра, а граѓаните со 1,8 милијарди.

Овие априлски движења на депозитите и кредитите во банкарскиот сектор всушност ги потврдуваат изјавите на банкарите во земјава, кои велат дека, барем што се однесува на овој период, состојбите на банкарската сцена се нормални и не се забележани некои посериозни раздвижувања. Затоа тие засега не гледаат потреба да се затега монетарната политика, што, пак, би довело до зголемување на каматните стапки. Но, од банкарската фела додадоа и дека ако централната банка, сепак, во наредниот период донесе одлука за зголемување на референтната камата, тие ќе мораат соодветно да реагираат, односно да ги зголемат своите каматни стапки.

Веднаш реагираше бизнис-секторот, кој апелираше политичката криза да се реши што побрзо, со цел да не дојде до зголемување на каматните стапки, бидејќи тоа би можело лошо да влијае врз компаниите. Стопанствениците нагласија дека во последниве две години е забележан пораст на кредитирањето, што е позитивен тренд, но неизвесно е како ќе продолжи во наредниот период.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik