Од Македонија годишно нелегално се изнесуваат над 500 милиони долари

Bez autora
May 26 2015

Од Македонија годишно во просек се изнесуваат по 521 милион долари илегални пари. Ова го покажува истражувањето на меѓународната организацијата „Глобал фајненшл интегрити“ од Вашингтон, според чии резултати и со ваквиот износ на нелегални пари Македонија е на 79. место на листата држави според илегалното изнесување пари. Во периодот меѓу 2003 и 2012 година, најмногу нелегални пари од Македонија биле изнесени во 2011 година и тоа 852 милиони долари. Од државите во регионот, пред Македонија се две земји и тоа Бугарија и Хрватска. Бугарија има просек од над 2,5 милијарди долари извезени по црни канали пари, додека Хрватска која е на 49. место на листата е со 1,4 милијарди долари преселени илегални пари во странство. По Македонија е Албанија и тоа на 115. место со 128 милиони долари во просек изнесени на нелегален начин од државата.

Од Македонија годишно нелегално се изнесуваат над 500 милиони долариОд Македонија годишно во просек се изнесуваат по 521 милион долари илегални пари. Ова го покажува истражувањето на меѓународната организацијата „Глобал фајненшл интегрити“ од Вашингтон, според чии резултати и со ваквиот износ на нелегални пари Македонија е на 79. место на листата држави според илегалното изнесување пари.

Во периодот меѓу 2003 и 2012 година, најмногу нелегални пари од Македонија биле изнесени во 2011 година и тоа 852 милиони долари. Од државите во регионот, пред Македонија се две земји и тоа Бугарија и Хрватска. Бугарија има просек од над 2,5 милијарди долари извезени по црни канали пари, додека Хрватска која е на 49. место на листата е со 1,4 милијарди долари преселени илегални пари во странство. По Македонија е Албанија и тоа на 115. место со 128 милиони долари во просек изнесени на нелегален начин од државата.

Во периодот меѓу 2002 и 2011 од Босна и Херцеговина биле извлечени „само“ 142 милиони долари пари на црно, од Србија дури 50 милијарди долари, од Хрватска 15 милијарди долари илегални пари, од Црна Гора повеќе од 4 милијарди долари, а од Македонија околу 5,4 милијарди пари на црно.

Дали Македонија има систем кој би алармирал ако се случи тренд на помасовен одлив на пари од земјата, заради актуелната политичка криза, дел од стручњаците не се оптимисти. Тие сметаат дека во Македонија не постои ефикасен систем за следење на финансиските трансакции на „политички експонираните лица“, како ни ефикасен систем за размена на информации за перење на пари. А според меѓународната регулатива против перење пари поимот „политички експонирани лица“ го дефинира како лица кои имаат важна јавна позиција и компаниите поврзани со нив.

Други, пак, велат дека секоја политичка криза дејствува на економската активност на луѓето.

Богатите, според стручњаците, стравуваат пред се' за своите големи пари, најчесто нелегално стекнати, и навреме го згрижуваат најголемиот дел од парите во дестинации создадени и заштитени од светските богаташи.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik