Во ХЕЦ „Шпиље“ произведени 170 милиони киловат часови електрична енергија

Bez autora
Jun 02 2015

Поради топењето на снегот видно е зголемено нивото на Дебарското езеро, а со тоа и производството на електрична енергија. Во перидот јануари – мај оваа година во ХЕЦ „Шпиље“ кај Дебар се произведени 170 милиони киловат часови електрична енергија. Според ЕЛЕМ, во споредба со годишниот план ова производство изнесува 56 отсто, додека во споредба со истиот период минатата година, тоа е повисоко за 13 отсто. Во Дебарското езеро во моментов има резерви на вода за производство на 27 милиони киловат часови електрична енергија, додека, пак, дневниот доток на водите од реките Радика, Црн Дрим и некои помали регионални реки изнесува 50 кубни метри вода во секунда.

Во ХЕЦ „Шпиље“ произведени 170 милиони киловат часови електрична енергијаПоради топењето на снегот  видно е зголемено нивото на Дебарското езеро, а со тоа и производството на електрична енергија.

Во перидот јануари – мај оваа година во ХЕЦ „Шпиље“ кај Дебар се произведени 170 милиони киловат часови електрична енергија. Според ЕЛЕМ, во споредба со годишниот план ова производство изнесува 56 отсто, додека  во споредба со истиот период минатата година, тоа е повисоко за 13 отсто.

Во Дебарското езеро во моментов има резерви на вода за производство на 27 милиони киловат часови електрична енергија, додека, пак, дневниот доток на водите од реките Радика, Црн Дрим и  некои помали регионални реки изнесува 50 кубни метри вода во секунда.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik