Со самовработување во Тетово отворени 45 фирми

Bez autora
Jun 29 2015

Тимови од Центарот за вработување во Тетово во саботата на три пункта низ градот им ги објаснуваа на работодавците и на заинтересираните невработени лица, мерките од проектот „Македонија вработува“. Раководителот на Центарот, Томислав Трифуновски, посочи дека покрај овие мерки, во тек се и мерките за самовработувањето каде што е завршен првиот оглас и е започната процедура за прибирање апликации за вториот оглас. Во изминатите месеци од годинава преку мерката самовработување, веќе се отворени 45 нови фирми со исто толку вработени. Имаме добиено и над 60 апликации за вториот оглас и очекуваме дека до крајот на годинава над 90 лица ќе ги преточат своите бизнис-идеи во основање на нивна фирма, изјави Трифуновски. Преку проектот „Македонија вработува“ во Тетово досега се добиени 233 барања од работодавците при што 148 лица веќе се вработиле на овој начин.

Со самовработување во Тетово отворени 45 фирмиТимови од Центарот за вработување во Тетово во саботата на три пункта низ градот им ги објаснуваа на работодавците и на заинтересираните невработени лица, мерките од проектот „Македонија вработува“. Раководителот на Центарот, Томислав Трифуновски, посочи дека покрај овие мерки, во тек се и мерките за самовработувањето каде што е завршен првиот оглас и е започната процедура за прибирање апликации за вториот оглас.

„Во изминатите месеци од годинава преку мерката самовработување, веќе се отворени 45 нови фирми со исто толку вработени. Имаме добиено и над 60 апликации за вториот оглас и очекуваме дека до крајот на годинава над 90 лица ќе ги преточат своите бизнис-идеи во основање на нивна фирма“, изјави Трифуновски.

Преку проектот „Македонија вработува“ во Тетово досега се добиени 233 барања од работодавците при што 148 лица веќе се вработиле на овој начин.

„Со мерката за вработување на млади до 29 години од април досега работа нашле околу 450 лица, додека во последно време има многу барања од работодавците за вработување на лица до 50 години, како и за оние од категоријата над 50 години па се' до пензионирање. Очекувам дека до крајот на годинава ќе биде исполнета бројката од 20 илјади нововработени лица од цела Македонија“, рече Трифуновски.

Според последните податоци од Центарот за вработување, во Тетово има 14,5 илјади лица кои активно бараат работа и кои се пријавуваат секој месец и 5.000 кои се пријавуваат на шест месеци.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik