Штедачите прашуваат, банките смируваат

Bez autora
Jul 01 2015

Грчката криза и шокот кој го преживуваат нашите јужни соседи влијае и врз македонските граѓани. Особено што голем број како туристи летуваат во Грција и директно ги чувствуваат мерките што грчките власти ги преземаат деновиве. Банките втор ден се под клуч, поголем дел од банкоматите се празни, но различни се информациите за тоа дали македонските граѓани можат да плаќаат со картичка во продавница. Дел велат дека во поголемите маркети и продавници без проблем плаќаат со картичка, други пак, дека им било побарано да платат во кеш. Од туристичките агенции велат дека нема откажувања на аранжмани, а она што туроператорите им го порачуваат на туристите е да имаат кеш со себе, а некои препорачуваат пред влез во Грција и резервоарот да го наполнат.

Грчката криза и шокот кој го преживуваат нашите јужни соседи влијае и врз македонските граѓани. Особено што голем број како туристи летуваат во Грција и директно ги чувствуваат мерките што грчките власти ги преземаат деновиве.

Банките втор ден се под клуч, поголем дел од банкоматите се празни, но различни се информациите за тоа дали македонските граѓани можат да плаќаат со картичка во продавница. Дел велат дека во поголемите маркети и продавници без проблем плаќаат со картичка, други пак, дека им било побарано да платат во кеш. Од туристичките агенции велат дека нема откажувања на аранжмани, а она што туроператорите им го порачуваат на туристите е да имаат кеш со себе, а некои препорачуваат пред влез во Грција и резервоарот да го наполнат.

За случувањата во Грција од минута во минута се менуваат информациите. Една од нив е дека дел од банките деновиве ќе отворат за да можат пензионерите да подигнат готовина. Грчките медиуми пишуваат дека дневниот лимит за повлекување пари од банкоматите во Грција наскоро може да биде намален од 60 до 20 евра, со оглед на тоа што банките се обидуваат да останат во чекор со побарувачката, а резервите пресушуваат.

Сите овие информации што доаѓаат од кај јужниот сосед го креваат нивото на претпазливост и кај македонските граѓани.

Она што особено ги интересира е колку им се сигурни штедните влогови во македонските банки. За банките со доминатни грчки акционери кои работат во земјава деновиве и самите банки и гувернерот Димитар Богов испраќаат пораки на смирување дека тие работат според правилата во земјава и не се изложени на никаков ризик од она што се случува во Грција.

Банкарите велат дека дел од клиентите доаѓаат на шалтерите и се информираат, но дека нема повлекување на позначајни суми. Тие уверуваат дека клиентите треба да бидат сигурни дека нивните пари се пласирани во кредити кај македонски граѓани и компании, или во државни хартии од вредност во земјава. Од Стопанска банка - Скопје деновиве порачаа дека зголемувањето на основниот капитал за уште 35 милиони евра покажува дека банката го зацврстува работењето во Македонија. „Стопанска банка АД – Скопје уште еднаш би сакала да потврди дека како независно правно лице кое работи во рамките на законската регулатива на Македонија, целосно почитувајќи ги мерките на Народната банка на Македонија, продолжува со извршување на редовните банкарски активности, при што сигурноста и стабилноста на депозитите останува на највисоко ниво“, се вели во соопштението што деновиве го испрати Стопанска банка Скопје.

Банкарите уште велат дека конзервативноста на банкарскиот систем во земјава во вакви и слични ситуации се покажал како добар. И гувернерот Димитар Богов потенцира дека банкарскиот сектор во Македонија е отпорен на секаков шок што може да се случи поради ситуацијата во Грција. Тој потенцира дека нема повлекување на депозити и оти сите банки и банкомати во државата работат нормално. Богов уверува дека и во најцрното сценарио, доколку банкарскиот сектор во Грција пропадне, тоа нема да се одрази врз домашниот банкарски сектор.

„Доколку дојде до крах на банкарскиот систем во Грција тоа ќе биде многу лоша ситуација за грчката економија, меѓутоа во Македонија тоа нема да се одрази воопшто. Нашиот банкарски систем ќе продолжи да функционира без никакви последици. Оние банки кои се во грчка сопственост се домашни банки кои работат според нашата регулатива и тие ќе продолжат да работат. Единствено може да го променат сопственикот“, потенцира гувернерот Богов. Од банките велат дека се придржуваат до мерките кои ги воведе централната банка на Македонија. А тоа значи дека банките на дневна основа го повлекуваат вишокот пари кој го имаат во грчки банки или нивни подружници во други земји. Се извршуваат само плаќањата кои обично ги имаат компаниите. Но, освен плаќањата на дневна основа, НБРМ и на македонските компании им забрани да вршат позајмици кон грчки фирми.

„И за банките и за компаниите важи дека не можат да вршат позајмици, вложувања во компании во Грција. Контролата е кај банките. Бидејќи банките ја вршат контролата со платниот промет и тие треба да водат сметка за што оди таа трансакција во Грција, што е над 10.000 евра. Банките имаат обврска на дневна основа да ја известуваат НБРМ, секој ден до 12 часот за трансакциите од претходниот ден, а ние ќе вршиме дополнителна проверка“, објасни гувернерот Димитар Богов.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik