Странските инвестиции се искачија на 105 милиони евра

Bez autora
Jul 01 2015

Во првите четири месеци од годинава, странските вложувања во земјава се искачија на 105,69 милиони евра. Само во април влегле 36,85 милиони евра странски инвестиции, што претставува добар скок, со оглед дека претходните податоци на Народна банка на Македонија за првиот квартал покажаа дека нивото на инвестиции изнесуваше 69 милиони евра. Сепак, во споредба со четирите месеци од претходната година, има намалување од 12,6 милиони евра. Ако се гледа како инвестициите од почетокот на годинава се движеле по месеци, може да се забележи дека јануари и април се најдобри, со инвестирани 36,85 милиони евра, односно 35,38 милиони евра, по што следува март со 20 милиони евра вложувања, а најслаб месец е февруари со вложени само 13,4 милиони евра. Ако се набљудува само април, пак, како сопственички капитал и реинвестирана добивка биле вложени 26,12 милиони евра (ова, всушност, се смета за она чисто класично инвестирање), вложувањата на директниот инвеститор изнесуваат 65,49 милиони евра, кај повторните вложувања има минус од 35 милиони евра и кај вложувањата меѓу хоризонталните претпријатија има минус од 21,73 милиони евра.

Во првите четири месеци од годинава, странските вложувања во земјава се искачија на 105,69 милиони евра. Само во април влегле 36,85 милиони евра странски инвестиции, што претставува добар скок, со оглед дека претходните податоци на Народна банка на Македонија за првиот квартал покажаа дека нивото на инвестиции изнесуваше 69 милиони евра. Сепак, во споредба со четирите месеци од претходната година, има намалување од 12,6 милиони евра.

Ако се гледа како инвестициите од почетокот на годинава се движеле по месеци, може да се забележи дека јануари и април се најдобри, со инвестирани 36,85 милиони евра, односно 35,38 милиони евра, по што следува март со 20 милиони евра вложувања, а најслаб месец е февруари со вложени само 13,4 милиони евра. Ако се набљудува само април, пак, како сопственички капитал и реинвестирана добивка биле вложени 26,12 милиони евра (ова, всушност, се смета за она чисто класично инвестирање), вложувањата на директниот инвеститор изнесуваат 65,49 милиони евра, кај повторните вложувања има минус од 35 милиони евра и кај вложувањата меѓу хоризонталните претпријатија има минус од 21,73 милиони евра.

Инаку, бизнисмените во земјава подолг период наназад укажуваат дека политичката криза влијае и врз одлуките за инвестирање, па компаниите ги поместуваат за некои идни подобри времиња. Покрај странските, кризата дејствува дестимулирачки и врз домашните инвестиции. Тоа го покажаа статистичките бројки за движењето на индустриското производство, кое по подолго време, во мај, регистрираше пад од 5 отсто. Компаниите веќе предложија мерки до Владата, со цел полесно да се надмине овој тежок период и за економската состојба.

Инаку, вкупно во текот на целата мината година во земјава влегол странски капитал тежок 262 милиони евра, што е само 10 милиони евра повеќе од 2013 година, кога се инвестирани 252 милиони евра. За годинава нема очекувања до која сума може да се искачи нивото на странски инвестиции.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik