Концесии за три мали хидроелектрани на Маркова Река

Bez autora
Jul 02 2015

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и претставникот на друштво „Индиго хидро“ Македонија ДОО Скопје, потпишаа договор за концесија за користење на вода и изградба на три мали хидроелектрани на Маркова Река. Доделувањето на концесии за користење на вода за производство на електрична енергија на оваа локација е во рамките на шестиот тендер за мали хидроелектрани. „По завршувањето на евалуацијата и усвојување на Извештајот на Комисијата за спроведување на постапката за доделување на концесија, Владата ја донесе одлуката за избор на најповолна понуда и за доделување на концесија за користење на вода од Маркова Река, со изградба на три хидроелектрични централи во група. Во согласност со оваа одлука, избраниот понудувач Индиго Хидро Македонија ДОО Скопје ги исполни сите услови од тендерот и со него се склучи Договор за концесија за користење на вода и изградба на МХЕЦ Маркова 143, 144 и 145, со вкупна инсталирана моќност од 1752,80 киловати“, соопшти Министерството за животна средина. Вкупната инвестициска вредност на проектите чини околу 4 милиони евра.

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и претставникот на друштво „Индиго хидро“ Македонија ДОО Скопје, потпишаа договор за концесија за користење на вода и изградба на три мали хидроелектрани на Маркова Река. Доделувањето на концесии за користење на вода за производство на електрична енергија на оваа локација е во рамките на шестиот тендер за мали хидроелектрани.

„По завршувањето на евалуацијата и усвојување на Извештајот на Комисијата за спроведување на постапката за доделување на концесија, Владата ја донесе одлуката за избор на најповолна понуда и за доделување на концесија за користење на вода од Маркова Река, со изградба на три хидроелектрични централи во група. Во согласност со оваа одлука, избраниот понудувач Индиго Хидро Македонија ДОО Скопје ги исполни сите услови од тендерот и со него се склучи Договор за концесија за користење на вода и изградба на МХЕЦ Маркова 143, 144 и 145, со вкупна инсталирана моќност од 1752,80 киловати“, соопшти Министерството за животна средина. Вкупната инвестициска вредност на проектите чини околу 4 милиони евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik