Заем од 83 милиони евра за пат меѓу Ранковце и Крива Паланка

Bez autora
Jul 28 2015

Земјава влегува во ново задолжување кај Светска банка, кое ќе биде наменето за патишта и ќе тежи 83 милиони евра. Заемот ќе го земе Јавното претпријатие за државни патишта, а ќе го гарантира државата. Веќе за утре на дневен ред на собраниска седница е ставен на гласање Законот за Гаранција на Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за надградба и развој на патишта, кој ќе се склучи меѓу Меѓународната банка за обнова и развој (ИБРД) - Светска банка и јавното претпријатие за патишта. Владата предлага овој закон да се носи по скратена постапка, откако таа го усвоила на седница на почетокот на јули. Владата наведува дека реализацијата на Проектот за патишта во износ од 83 милиони евра, го сочинуваат два дела. Првиот е изградба на Коридор 8, кој тежи 78 милиони евра, и со него треба да се изгради експресен пат по должината на источниот дел на Коридорот 8, меѓу Ранковце и Крива Паланка. Вториот дел од 5 милиони евра е за систем за управување, како и план за одржување и инвестиции на мостовите.

Земјава влегува во ново задолжување кај Светска банка, кое ќе биде наменето за патишта и ќе тежи 83 милиони евра. Заемот ќе го земе Јавното претпријатие за државни патишта, а ќе го гарантира државата.

Веќе за утре на дневен ред на собраниска седница е ставен на гласање Законот за Гаранција на Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за надградба и развој на патишта, кој ќе се склучи меѓу Меѓународната банка за обнова и развој (ИБРД) - Светска банка и јавното претпријатие за патишта. Владата предлага овој закон да се носи по скратена постапка, откако таа го усвоила на седница на почетокот на јули.

Владата наведува дека реализацијата на Проектот за патишта во износ од 83 милиони евра, го сочинуваат два дела. Првиот е изградба на Коридор 8, кој тежи 78 милиони евра, и со него треба да се изгради експресен пат по должината на источниот дел на Коридорот 8, меѓу Ранковце и Крива Паланка. Вториот дел од 5 милиони евра е за систем за управување, како и план за одржување и инвестиции на мостовите.

Од Владата информираат дека преговорите со претставниците на Светска банка за склучување на договорите за заем и за гаранција успешно завршиле кон крајот на јуни годинава. Законот за гаранција прво треба да се изгласа од Собранието и да се објави во Службен весник, по што Проектот треба да биде одобрен од Бордот на извршни директори на банката, на 29 септември.

Од Владата велат дека клучна цел зошто се оди на ова задолжување е што „со реализацијата на овој проект ќе се овозможи подобрување на транспортната поврзаност за корисниците на патиштата по Коридорот 8 помеѓу Скопје и Деве Баир, како и подобрување на функциите на ЈП за државни патишта за управување и планирање на средства“.

Во законот е наведено дека рокот за отплата на овој заем е 28 години, со вклучен грејс период од 8 години. Каматната стапка е шестмесечен ЕУРИБОР, плус варијабилен распон.

СБ е еден од позначајните финансиски ментори на земјава и главно одобрува кредити за конкретни развојни проекти, но досега во два наврати за земјава има одобрено и гаранции, врз основа на кои таа потоа зеде комерцијални кредити кај странски банки, под поповолни услови.

Во октомври минатата година, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, по средбите во Вашингтон со раководствата на Светска банка, соопшти дека Македонија од Светска банка ќе добие вкупно 157 милиони евра за финансирање на патната инфраструктура на земјава. Тој тогаш нагласи дека станува збор за два заеми, од кои првиот од 52 милиони евра веќе е поминат на Бордот на директори, додека вториот од околу 105 милиони евра се очекува да помине во почетокот на оваа година.

Во март лани, пак, Одборот на извршни директори Светска банка го одобри заемот за Македонија за зајакнување на конкурентноста, од 36,4 милиони евра. Во 2013 година банката одобри гаранција за комерцијален заем за земјава од Дојче банк, слично како и во 2011, исто за заем од комерцијална странска банка, на износ од 130 милиони евра.

Светска банка финансира и повеќе локални проекти во земјава, како што беше неодамна водоводот во Шуто Оризари.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik