Руската Кранфилд фаундери ќе гради леарница во Пробиштип

Bez autora
Jul 30 2015

„Кранфилд фаундери“, компанија основана со руски капитал, ќе гради модерна високо–автоматизирана еколошка леарница, во индустриската зона во Пробиштип, а за таа цел во средата беше потпишан договор меѓу Владата и претставници на компанијата. Според деловниот план на компанијата „Кранфилд фаундери“, вкупната инвестиција изнесува 15 милиони евра, а во фабриката ќе се вработат 280 луѓе. Леарницата ќе изработува делови, коишто не трпат транспорт, и тоа е еден приоритет кога некоја автомобилска компанија ќе сака да инвестира ќе видат дали постои во близина некаква леарница. Кога ќе договараме со потенцијални компании за производство на автомобили, тоа е еден од самите критериуми и со оваа инвестиција го заокруживме тој критериум и тоа ќе ни овозможи во поблиска иднина да привлечеме некоја автомобилска компанија, рече министерот за привлекување странски инвестиции, Бил Павлески.

Руската Кранфилд фаундери ќе гради леарница во Пробиштип„Кранфилд фаундери“, компанија основана со руски капитал, ќе гради модерна високо–автоматизирана еколошка леарница, во индустриската зона во Пробиштип, а за таа цел во средата беше потпишан договор меѓу Владата и претставници на компанијата.

Според деловниот план на компанијата „Кранфилд фаундери“, вкупната инвестиција изнесува 15 милиони евра, а во фабриката ќе се вработат 280 луѓе.

„Леарницата ќе изработува делови, коишто не трпат транспорт, и тоа е еден приоритет кога некоја автомобилска компанија ќе сака да инвестира ќе видат дали постои во близина некаква леарница. Кога ќе договараме со потенцијални компании за производство на автомобили, тоа е еден од самите критериуми и со оваа инвестиција го заокруживме тој критериум и тоа ќе ни овозможи во поблиска иднина да привлечеме некоја автомобилска компанија“, рече министерот за привлекување странски инвестиции, Бил Павлески.

„Со цел на нашите клиенти да им понудиме квалитетни и конкурентни производи, треба да изградиме модерна фабрика во Европа, но не далеку од нашите матични пазари. Сметаме дека Македонија е најсоодветна за бизнис, главно поради локацијата и лесниот пристап до пазарите во Евриопа и Русија, привлечната бизнис клима и поддршката која ја обезбедува Владата, конкурентните трошоци за градба и квалификуваната работна сила“, рече Дариус Чуба, извршен директор на „Кранфилд фаундери“.

Тој рече дека со потпишување на договорот ќесе овозможи да ја завршат Студијата за влијанието врз животната средина и да почнат со изградба на најмодерна леарница, која ќе ја гради ГЕМКО, холандска компанија специјализирана за изградба на модерни леарници. Најави дека ГЕМКО ќе го гради објектот заедно со македонска градежна компанија.

„Оваа инвестиција ја најавиме пред еден месец и еве денеска веќе го потпишуваме договорот за инвестирање на странската компанија. Примарното производство на компанијата ќе биде наменото за монтаѓната и ѓелезничката индустрија , со тоа Македонија  го зајакнува ште повеќе својот имиџ како земја со автомобилска индустрија. Нешто што порано не беше поимливо, а денес со влезот и работата на многу компании од оваа индустрија, полека но сигурно станува реалност“, рече премиерот Никола Груевски, кој присуствуваше на потпишувањето на договорот.

Најави дека покрај тоа што „Кранфилд фаундери“ на почетокот ќе вработи 280 луѓе, но дека најавиле оти за четири до пет години би изградиле втора производна линија, каде би се вработиле уште луѓе. Премиерот најави и дека Владата ќе помогне во изградбата на нова инфраструктура во индустриската зона во Пробиштип каде ќе биде сместена фабриката.

„Воопшто не беше лесно да се убедат инвеститорите да инвестираат во една мала и не толку развиена општина, каде што има недоволно адекватна инфраструктура, лоша географска поставеност и многу други негативности“, рече градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој додаде дека инвестицијата е од големо значење за општината за развој на економијата, ќе се реши невработеноста и ќе се спречи отселувањето на младите.

„Кранфилд фаундери“, со цел да постигне максимала ефикасност во процесот на производство и да ги задоволи сите еколошкии стандарди  вклучува и соработка со други реномирани западноевропски компании – добавувачи на најсовремена опрема наменета за леарската индустрија како германската „Ото Јункер“ и данската ДИСА.

Потписниците на договорот изразија надеж дека в година, ова време, ќе го означат почетокот на производниот процес.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik