Се градат се' помалку станови

Bez autora
Sep 03 2015

Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека лани биле изградени 5.356 станови, што е намалување во споредба во со 2013 година кога биле изградени 6.528 станови, како и во споредба со 2012 година кога во земјава биле изградени 6.433 станови. Во најновата публикација на Државниот завод за статистика, насловена како „Градежништвото во Македонија 2010-2014“, стои дека просечната цена на становите за пет години опаднала за над 11 отсто, што значи ако во 2010 година просечната продажна цена на становите изнесувала 52.125 денари за метар квадратен, а лани таа била 46.505 денари за метар квадратен. Забележани се негативни статистички резултати во бројот на завршени станови во изминативе години кои покажуваат дека во 2014 година била комплетирана изградбата на 5.356 станбени единици, или за 18 отсто помалку во споредба со претходната година.

Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека лани биле изградени 5.356 станови, што е намалување во споредба во со 2013 година кога биле изградени 6.528 станови, како и во споредба со 2012 година кога во земјава биле изградени 6.433 станови.

Во најновата публикација на Државниот завод за статистика, насловена како „Градежништвото во Македонија 2010-2014“, стои дека просечната цена на становите за пет години опаднала за над 11 отсто, што значи ако во 2010 година просечната продажна цена на становите изнесувала 52.125 денари за метар квадратен, а лани таа била 46.505 денари за метар квадратен.

Забележани се негативни статистички резултати во бројот на завршени станови во изминативе години кои покажуваат дека во 2014 година била комплетирана изградбата на 5.356 станбени единици, или за 18 отсто помалку во споредба со претходната година. Околу 4.921 станови, наспроти регистрираните 4.876 станбени единици останале недоградени лани.

Скопје и регионот и понатаму е најпривлечен за инвеститорите во станбени објекти стои во публикацијата, и тие се одлучуваат да градат најмногу двособни и трисобни станови во колективните згради.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik