„Оне.Вип“ и официјално е новиот оператор

Bez autora
Oct 04 2015

„Оне.Вип“ е новиот телекомуникациски оператор, кој од денеска и официјално започна да функционира, по спојувањето на операторите „Вип“ и „Оне“. Здружувањето во една компанија ја засилува улогата и позицијата на пазарот на новиот субјект, кој сега има 1,3 милиони корисници во мобилната телефонија. Идните цели на новиот оператор се раздвижување на пазарот со вистинска конкуренција на доминантниот „Телеком“, како и придобивање на уште поголем број од корисниците, особено во делот на фиксната телефонија, интернетот и телевизијата. Инвестициите, најавуваат од новиот оператор, ќе бидат насочени кон збогатување на понудата со нови услуги по најнови технолошки достигнувања, кои досега не биле присутни на нашиот пазар.

„Оне.Вип“ е новиот телекомуникациски оператор, кој од денеска и официјално започна да функционира, по спојувањето на операторите „Вип“ и „Оне“. Здружувањето во една компанија ја засилува улогата и позицијата на пазарот на новиот субјект, кој сега има 1,3 милиони корисници во мобилната телефонија.

Идните цели на новиот оператор се раздвижување на пазарот со вистинска конкуренција на доминантниот „Телеком“, како и придобивање на уште поголем број од корисниците, особено во делот на фиксната телефонија, интернетот и телевизијата. Инвестициите, најавуваат од новиот оператор, ќе бидат насочени кон збогатување на понудата со нови услуги по најнови технолошки достигнувања, кои досега не биле присутни на нашиот пазар.

Спојувањето на двата оператори, според Никола Љушев, извршен директор на „Оне.Вип“, нема да придонесе за зголемување на цените на нивните услуги. Новата компанија планира агресивен настап на пазарот, со пакети кои од аспект на цените и квалитетот треба да бидат вистински конкурентни. Целта е да се привлечат корисниците и да се зголемт приходите. Таргетот се конвергентните услуги кои заземаат голем дел од пазарот, а во кој компанијата во моментот има многу мал удел. Ќе се искористи инфраструктурата до 237.000 семејства, од кои засега само 87.000 користат кабелска телевизија.

„Последиот период бележи стагнација во користењето на телекомуникациските услуги, не само кај нас туку и на многу поголеми пазари. Тоа треба да не загрижи сите. Иако ’Оне.Вип’ е лидер со 53 проценти од пазарот на мобилната телефонија, сепак во распределбата на приходите на телекомуникацискиот пазар учествува со 30 проценти“, посочи Љушев.

Тој нагласи дека пред новата компанија стојат повеќе предизвици, пред се целосната интеграција. Претстои унифицирањето на мрежите, понудата и начинот на плаќање. Засега, продажните места, пакетите според кои граѓаните склучиле договори, системите за наплата и постојните мрежи остануваат исти.

Целосната интеграција на сите оперативни и технички системи се очекува да се комплетира до крајот на идната година. На крајот на тој процес новата компанија ќе нуди најсовремени комуникациски услуги на едно место, посочува Љушев.

„Оне.Вип“ во текот на следната година ќе ги задржи сите 900 вработени во двете компании. По завршувањето на овој период се очекува реструктуирање, но не и во сегментите на вработените кои работат со корисници. Љушев не очекува отпуштања, туку напротив новиот оператор да има потреба од доекипирање со нови вработени. Со спојувањето, во новата компанија 55 проценти поседува „Телеком Австрија“ групацијата, а 45 процнети „Телеком Словеније“ груп.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik