Груевски: Само годинава ќе има до 25.000 нови вработувања

Bez autora
Oct 12 2015

Од стекнувањето на независноста во 1991 година до овој момент Република Македонија има најниско ниво на невработеност во историјата, а во првите девет месеци од годинава се вработени 19.000 лица, а до крајот на 2105 годината се очекуваат уште 6.000 нови вработувања, рече премиерот Никола Груевски во интервју за телевизијата Сител и притоа најави нови значајни странски инвестиции. Во годината кога ние дојдовме на власт невработеноста беше околу 38 отсто. Тоа беше рекордна невработеност, не само во Македонија, туку и во Европа. Оттогаш наваму, континуирано секоја година, секој квартал без исклучок, имаме намалување на невработеноста, па дури и во време кога имавме светска финансиска криза, глобална економска криза и европска должничка криза. Дури и тогаш, и во тие години кога невработеноста во другите држави растеше, во Македонија опаѓаше, можеби некогаш за малку, некогаш со поголем пад на невработеноста, но секогаш опаѓаше и сега достигна историски рекордно ниско ниво од 26,8 отсто, рече премиерот Груевски.

Од стекнувањето на независноста во 1991 година до овој момент Република Македонија има најниско ниво на невработеност во историјата, а во првите девет месеци од годинава се вработени 19.000 лица, а до крајот на 2105 годината се очекуваат уште 6.000 нови вработувања, рече премиерот Никола Груевски во интервју за телевизијата Сител и притоа најави нови значајни странски инвестиции.

„Во годината кога ние дојдовме на власт невработеноста беше околу 38 отсто. Тоа беше рекордна невработеност, не само во Македонија, туку и во Европа. Оттогаш наваму, континуирано секоја година, секој квартал без исклучок, имаме намалување на невработеноста, па дури и во време кога имавме светска финансиска криза, глобална економска криза и европска должничка криза. Дури и тогаш, и во тие години кога невработеноста во другите држави растеше, во Македонија опаѓаше, можеби некогаш за малку, некогаш со поголем пад на невработеноста, но секогаш опаѓаше и сега достигна историски рекордно ниско ниво од 26,8 отсто“, рече премиерот Груевски.

Признава дека тоа уште е високо ниво и оти претстои уште многу работа, но според Груевски важно е дека досега зацртаното се реализира и покрај пречките кои ги наметнуваа кризните периоди

„Само оваа година, од јануари до денеска, вработени се малку повеќе од 19.000 луѓе. Значи, 19.000 нови работни места во 2015 година, од коишто околу 37 отсто, односно 5.800 претставуваат вработени од странски инвестиции, луѓе кои ги вработиле компании што се дојдени од странство и 7.150 се преку проектот ‘Македонија вработува’. Анализите покажуваат дека оваа година таа бројка ќе достигне некаде до 24.000, можеби и 25.000 вработени, што значи дека до Нова година ќе има уште шест до седум илјади нови работни места“, истакна премиерот.

Тој нагласи дека она што е важно е дека освен преку проектот „Македонија вработува“ и странските инвестиции, имаме многу инвестиции кои се реализирани преку активните мерки за вработување на Агенцијата за вработување и на Владата, како што се самовработување, кредити за самовработување, земјоделски вработувања и редица други проекти коишто ги нуди Агенцијата за вработување.

Груевски во општирното интервју во сетот прашања посветени на економската ситуација, најави дека веќе следниот месец ќе се официјализираат инвестиции на две големи американски компании кои ќе вработат 2.000 луѓе.

„Во ноември две американски компании планираат да ја официјализираат нивната инвестиција во Македонија. Официјално тоа ќе го сторат во ноември, едната ќе вработи дополнителни 500 луѓе, а втората ќе отвори 1.500 нови работни места. Засега толку можам да кажам за нив. Станува збор за сигурни инвестиции“, рече Груевски и додаде дека почитувајќи го деловното правно не може да зборува повеќе за овие вложувања.

„Зборувам за она што веќе е реализирано и затоа зборувам и за она што ќе се случи. А во СДСМ критикуваат оние кои во нивно време се водеа неуспешни политики. Нашите резултати се видливи со голо око. Само треба да се отиде до Бунарџик и ќе се види дека има бројни фабрики, а бројни се и слободните зони низ цела земја“, заклучи Груевски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik