Ако не плаќаат навреме, глоби од 10.000 евра и за „државните“ должници

Bez autora
Oct 13 2015

Владата повторно го менува Законот за финансиска дисциплина. Таа предлага нови измени и дополнувања на ова законско решение, кои датираат од октомври годинава и веќе се доставени во собраниска процедура, а ќе се разгледуваат во наредниот период од собраниските комисии. За јавните претпријатија и општините, согласно со предложените измени, дури од стартот на идната година ќе почнат да важат роковите од 60 дена кои сега важат за приватните компании. За јавните претпријатија и трговските друштва основани од Република Македонија, општината, градот Скопје и општините во градот Скопје, и друштва врз кои државата или органите на општината имаат директно или индиректно влијание преку сопственоста над нив, односно поседуваат поголем дел од капиталот над друштвото, имаат мнозинство гласови и именуваат повеќе од половина од членовите на управниот или надзорниот одбор, односно органите на управување на друштвото и единиците на локалната самоуправа, роковите од овој закон (60 дена) ќе се применуваат од 1 јануари 2016 година, се наведува во измените на Законот за финансиска дисциплина.

Владата повторно го менува Законот за финансиска дисциплина. Таа предлага нови измени и дополнувања на ова законско решение, кои датираат од октомври годинава и веќе се доставени во собраниска процедура, а ќе се разгледуваат во наредниот период од собраниските комисии.

За јавните претпријатија и општините, согласно со предложените измени, дури од стартот на идната година ќе почнат да важат роковите од 60 дена кои сега важат за приватните компании.

„За јавните претпријатија и трговските друштва основани од Република Македонија, општината, градот Скопје и општините во градот Скопје, и друштва врз кои државата или органите на општината имаат директно или индиректно влијание преку сопственоста над нив, односно поседуваат поголем дел од капиталот над друштвото, имаат мнозинство гласови и именуваат повеќе од половина од членовите на управниот или надзорниот одбор, односно органите на управување на друштвото и единиците на локалната самоуправа, роковите од овој закон (60 дена) ќе се применуваат од 1 јануари 2016 година“, се наведува во измените на Законот за финансиска дисциплина.

За субјектите од јавниот сектор од областа на здравството, пак, се предлага да се утврди законски дека рокот за плаќање на обврските постојано ќе биде подолг, односно до 90 дена.

„Подолги рокови за плаќање за здравствените институции од јавниот сектор е искуство кое е применето и во законските решенија во земјите од регионот, исто така и регулативата на ЕУ за оваа област дава можност за овие субјекти да се утврдат подолги рокови за плаќање“, велат од Владата која е предлагач на законот.

„Во случај кога Фондот за здравствено осигурување на Македонија и корисниците на средства од Фондот, потоа јавните здравствени установи, универзитетските клиники, завод и ургентен центар се јавуваат како должници, не може да се утврди рок за исполнување на паричната обврска подолг од 90 дена“, се вели во предложените измени.

Во нив се наведени големи глоби, и за приватните компании, но и за субјектите од јавниот сектор, доколку го одложуваат исполнувањето на паричните обврски.

„Глоба во износ од 10.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на економски оператор од приватниот сектор - трговско друштво, трговец-поединец и правно лице кое врши профитна дејност и е регистрирано согласно со закон, доколку не ја исполни паричната обврска во роковите утврдени од овој закон. Глоба во износ од 30 отсто од одмерената глоба ќе му се изрече за прекршоците на одговорното лице“, се вели во предложените законски измени.

Исто така, во измените се наведува дека глоба во износ од 10.000 евра ќе му се изрече за прекршок на субјект од јавниот сектор, доколку не ја исполни паричната обврска во утврдените рокови. Глоба од 30 отсто ќе се изрече на одговорното лице, доколку не се исполни паричната обврска во роковите утврдени од овој закон.

Од Владата, која е наведена како предлагач на Законот, велат дека со измените се допрецизира постапката на контрола на спроведувањето на законот, уредување на роковите за исполнување на паричните обврски во случаите кога за нив е утврдено да се исполнуваат на рати, уредување на роковите за плаќање во случаите кога како должници се јавуваат субјекти од јавниот сектор од областа на здравството, како и усогласување на Законот за финансиска дисциплина со Законот за прекршоци.

Со измените се проширува дефиницијата за деловна трансакција, односно под тој термин ќе биде опфатена секоја трансакција, како и секој договор.

„Субјектите од јавниот сектор чии сметки се во рамките на Трезорската сметка на Министерството за финансии, односно Трезорската сметка на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, се должни барањето за плаќање на достасаните фактури спрема економски оператор од приватниот сектор до Трезорот во Министерството, односно до Трезорот во ПИОМ да го достават заклучно со триесеттиот ден, доколку сметките на субјектот се во рамки на трезорската сметка на финансии, односно 45. ден, доколку сметките на субјектот се во рамките на трезорската сметка на Фондот за ПИОМ“, се вели во предложените законски измени.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik