Новиот воз од неделава на пруга

Bez autora
Feb 08 2016

Новиот воз конечно ќе стартува неделава на линиите од Скопје до Велес и до Табановце. Деновиве се очекува да дојде и втората електрична композиција, која кинескиот производител ЦРС требаше да ја испорача до крајот на 2015 година. Директорот на „Македонски железници – Транспорт“ вчера демантираше дека кинескиот воз има технички проблеми, односно дека стои повеќе од два месеца паркиран во Скопје затоа што е дефектен системот за отворање и затворање на вратите. Возот, кој имаше едно пробно возење во ноември од Скопје до Велес, чекаше сертификат од Европско нотификациско тело, како и завршување на обуката на машиновозачите кои ќе управуваат со шесте нови возови.

Новиот воз од неделава на пругаНовиот воз конечно ќе стартува неделава на линиите од Скопје до Велес и до Табановце. Деновиве се очекува да дојде и втората електрична композиција, која кинескиот производител ЦРС требаше да ја испорача до крајот на 2015 година.

Директорот на „Македонски железници – Транспорт“, Никола Костов, вчера демантираше дека кинескиот воз има технички проблеми, односно дека стои повеќе од два месеца паркиран во Скопје затоа што е дефектен системот за отворање и затворање на вратите.

Возот, кој имаше едно пробно возење во ноември од Скопје до Велес, чекаше сертификат од Европско нотификациско тело, како и завршување на обуката на машиновозачите кои ќе управуваат со шесте нови возови. На редовните линии по Коридорот 10, каде што е електрифицирана пругата, според првичните најави, требаше да почне да сообраќа на почетокот од годината.

Сепак, според извори од компанијата, првиот од новите возови имал проблеми со вратите, односно се случувало да не се отвораат вратите, а кинеските техничари не можеле да утврдат која е причината за тоа, ниту пак како да го решат проблемот.

Директорот Костов, пак, тврди дека возот, кој е со капацитет за 200 патници, нема технички проблеми, а дека причина што се' уште е паркиран во Скопје е изминување на пробниот период. Возот е со електронска табла за управување, камери наместо ретровизори, монитори за кабината на машиновозачот, климатизирани вагони, електронски дисплеи за означување на станиците, вакуум-тоалети.

„Речиси сите подготовки се завршени, претставници на кинескиот производител ги прават финалните проверки, а очекувам возот да почне да сообраќа веќе од неделава“, вели Костов. Тој објаснува дека возот мора да помине 50.000 километри, како тест-период, а нив ќе ги вози на две релации, од Скопје до Велес и од Скопје до Табановце. Што се однесува до четирите дизел-композиции, кои треба да сообраќаат на пругите кои не се електрифицирани, Костов вели дека кинеската компанија ќе ги испорача до крајот на јуни годинава, иако и тие беа најавени дека ќе стигнат во првите три месеци од годинава.

Набавката на шесте нови возови, со кредит од Европската банка за обнова и развој, се прави откако, по четири децении, се презедоа инвестиции во македонските пруги. Иако новите локомотиви се со најнови технологии и ги задоволуваат светските стандарди и можат да возат и со 160 километри на час, сепак по нашите пруги нема да смеат да бидат побрзи од 120 километри на час. Дотраеноста на шините е една од причините, како и конфигурацијата на теренот.

„Македонските пруги се безбедни и во добра кондиција. На нив може да се вози со 120 километри на час, но секако не секаде. Во зависност од условите на теренот, на пример, кај тунелите, брзината мора да е пониска“, велат од Синдикатот на работниците за одржување на пруги во „Железници-Инфраструктура“.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik