Промоција на македонски компании на кинескиот пазар

Bez autora
Apr 28 2016

Директна промоција и продажба на македонски производи на кинескиот пазар треба да обезбеди првиот македонски дегустациски изложбен простор што ќе биде отворен на Саемот за инвестиции и трговија во Нингбо, НР Кина, што ќе се одржи од 9 до 12 јуни годинава. За сите домашни компании коишто сакаат нивните производи да бидат дел од изложбениот простор ќе биде обезбеден бесплатен транспорт од Македонија до Кина. Рокот за пријавување е до 10-ти следниот месец. Просторот, со површина од 280 метри квадратни, е лоциран веднаш до Саемот и ќе биде функционален цела година, информира оперативен директор на Сојузот на стопански комори, која потпиша договор за соработка со Меѓународниот изложбен центар „Нингбо“, организатор на Саемот.

Промоција на македонски компании на кинескиот пазарДиректна промоција и продажба на македонски производи на кинескиот пазар треба да обезбеди првиот македонски дегустациски изложбен простор што ќе биде отворен на Саемот за инвестиции и трговија во Нингбо, НР Кина, што ќе се одржи од 9 до 12 јуни годинава.

За сите домашни компании коишто сакаат нивните производи да бидат дел од изложбениот простор ќе биде обезбеден бесплатен транспорт од Македонија до Кина. Рокот за пријавување е до 10-ти следниот месец.

Просторот, со површина од 280 метри квадратни, е лоциран веднаш до Саемот и ќе биде функционален цела година, информира денеска  Александар Зарков, оперативен директор на Сојузот на стопански комори (ССК), која потпиша договор за соработка со Меѓународниот изложбен центар „Нингбо“, организатор на Саемот.

Во Кина веќе се испратени производи од осум компании, а за тие што ќе се пријават дополнително се подготвува втора пратка. Се очекува да бидат промовирани над 25 фирми, а за успех ќе се смета доколку барем пет од нив обезбедат пласман на кинескиот пазар. Шест држави веќе имаат отворени изложбени простори, а на годинашното отворање на Саемот им се приклучуваат покрај Македонија и Словенија и Босна и Херцеговина.

Саемот за инвестиции и трговија во Нингбо, како што посочи Зарков, ќе овозможи продлабочување на соработката и создавање конкретни можности за промоција на македонски производи на кинескиот пазар. Има можности, укажа, за извоз на производи од прехранбената, фармацевтската индустрија, ИТ-секторот, алкохолни и безалкохолни пијалоци, како и високотехнолошки производи.

- Се надеваме дека со македонските производи ќе заземеме барем дел од кинескиот пазар, што ќе значи многу за македонскиот  бизнис сектор. Затоа настапуваме сегментно и плански со одредени сектори  кои сметаме дека имаат капацитет. Сакаме конструктивно и професионално да оствариме резултати, не на краток рок, туку долгорочно, како што планираме овој „шоу рум“ да биде активен во тек на цела година, рече Зарков.

На Саемот во Нингбо е најавено присуство на компании од 16 држави од Централна и Источна Европа, со 45 бизнис делегации. Ќе бидат претставени над 3.000 видови производи од различни сектори. Треба да се одржи и Инвестициски форум.

Според обемот на трговската размена, Кина е меѓу првите десет трговски партнери на Македонија. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека лани извозот од Македонија во Кина изнесувал 129 милиони евра, а увозот 352 милиони евра.

На кинескиот пазар најмногу извезуваме  фероникел, мермер и вино, а увезуваме телефони, компјутери, телевизори, климатизери, текстилни производи.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik