Во април граѓаните и фирмите ги претворале денарите во девизи

Bez autora
May 22 2016

Вкупно 109 милиони евра биле повлечени од депозитите во македонскиот банкарски сектор во април годинава, покажуваат најновите податоци кои вчера на својата веб- страница ги објави Народна банка на Македонија. Од нив, близу 63 милиони евра повлекле граѓаните од своите влогови, но значајна сума подигнале и компаниите, дури 42 милиони евра. Преостанатите четири милиони евра се средства повлечени од други клиенти. Шпекулациите околу девизниот курс на денарот, како и големата жестина на политичката криза во земјава, беа главна причина за овој голем депозитен „минус“ во четвртиот месец од годинава.

Во април граѓаните и фирмите ги претворале денарите во девизиВкупно 109 милиони евра биле повлечени од депозитите во македонскиот банкарски сектор во април годинава, покажуваат најновите податоци кои вчера на својата веб- страница ги објави Народна банка на Македонија.

Од нив, близу 63 милиони евра повлекле граѓаните од своите влогови, но значајна сума подигнале и компаниите, дури 42 милиони евра. Преостанатите четири милиони евра се средства повлечени од други клиенти.

Шпекулациите околу девизниот курс на денарот, како и големата жестина на политичката криза во земјава, беа главна причина за овој голем депозитен „минус“ во четвртиот месец од годинава.

Друга битна работа што се забележува е дека најголемото повлекување во април било дефинитивно кај денарите, значајни 125 милиони евра, додека кај депозитите во странска валута, има дури и пораст во април, за 16 милиони евра.

Ова упатува дека всушност дел од денарските влогови што се повлекувале биле претворани во евра и враќани во банките на чување како депозити во странска валута.

Гувернерот Димитар Богов вчера во интервју за „Ројтерс“ изјави дека повлекувањето што се случуваше во април е речиси целосно запрено, по што може да се смета дека најлошото е всушност завршено.

Ова повлекување беше причина централната банка да ја зголеми основната камата во земјава од 3,25 на 4 проценти, со цел да се заштити депозитната база во банкарскиот сектор.

Кон крајот на април вкупните депозити дошле до ниво од 4,848 милијарди евра, што е помалку за 108,7 милиони евра во однос на март. Гледано според валутата, најголем бил ударот врз депозитите во денари, кои се свеле на 2,813 милијарди евра. Додека, пак, депозитите во странска валута кон крајот на април изнесуваат 2,035 милијарди евра.

Најбитно за депозитната база е штедењето на населението. Тоа во април стигнало до 3,411 милијарди евра, што е намалување за 62,8 милиони евра за еден месец. Кај овие влогови досега постојано имаше пораст и тие важеа за исклучително стабилни, се' до големиот априлски удар.

Најголемиот „пик“ тука се случил кај денарските депозити на население, кои се намалиле за 56 милиони евра, додека, пак, депозитите на граѓаните во странска валута паднале за 7,3 милиони евра. Во рамки на денарските депозити на граѓаните, пак, кај краткорочните падот бил за 30 милиони евра, а долгорочните се намалиле за 20 милиони евра.

Покрај граѓаните, во четвртиот месец од годинава пари од банките повлекувале и компаниите, и тоа 41,7 милиони евра. Всушност, фирмите многу од своите депозити во денари ги претворале во евра и дел од нив пак ги враќале во банките.

Односно, кај бизнис-секторот има пад на денарските депозити за дури 63 милиони евра, а кај тие во странска валута за еден месец зголемувањето е за 21 милиони евра. Неодамна гувернерот Богов изјави дека повлекувањето средства од депозитите на фирмите не се смета како битен репер, бидејќи кај нив депозитите постојано флуктуираат.

Податоците за кредитирањето, пак, говорат дека тоа во април речиси замрело, односно за еден месец има пораст од само 634 илјади евра, што е минорен месечен раст. Сега вкупниот долг на граѓаните и фирмите кон банките тежи 4,554 милијарди евра.

Во рамките на оваа стагнација, пак, ако се погледнат поединечните корисници, може да се види дека кредитирањето на компаниите се намалило за дури 17 милиони евра, а за исто толкава сума се зголемило користењето кредити од населението.

Тоа значи дека граѓаните сакале да се задолжуваат, а компаниите вратиле дел од заемите што ги користеле и не влегле во нови заеми, или, пак, не можеле да добијат од банките. Во април не „мрдале“ ни лошите заеми, тие останале на 488 милиони евра, речиси идентично колку во претходниот месец. Односно, тие остануваат на ниво од 10,7 отсто од вкупното кредитно портфолио во банкарскиот сектор.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik