"Брако" ќе инвестира 4 милиони евра во нови машини

Bez autora
Jun 23 2016

Велешки „Брако“ ќе инвестира 4 милиони евра за изградба на нова производна хала во која ќе се постави нова опрема. Се работи за најсовремени ЦНЦ компјутерски водени машини на кои, компанијата планира да работат 30-ина лица и сите завршени ученици од средното училиште „Коле Неделковски“. Во својата развојна програма одиме чекор понатаму и градиме нов погон за компјутерски водени машини. Нив ќе ги водат млади луѓе, кои се едуцирани и не се плашат од современа технологија. Затоа воспоставивме соработка со средното училиште ’Коле Неделковски’. Завршените ученици ги поканивме на платена пракса во летните месеци. На тој начин добиваат шанса да покажат дека знаат да работат.

„Брако“ ќе инвестира 4 милиони евра во нови машиниВелешки „Брако“ ќе инвестира 4 милиони евра за изградба на нова производна хала во која ќе се постави нова опрема. Се работи за најсовремени ЦНЦ компјутерски водени машини на кои, компанијата планира да работат 30-ина лица и сите завршени ученици од средното училиште „Коле Неделковски“.

„Во својата развојна програма одиме чекор понатаму и градиме нов погон за компјутерски водени машини. Нив ќе ги водат млади луѓе, кои се едуцирани и не се плашат од современа технологија. Затоа воспоставивме соработка со средното училиште ’Коле Неделковски’.

Завршените ученици ги поканивме на платена пракса во летните месеци. На тој начин добиваат шанса да покажат дека знаат да работат. По завршувањето на пробниот период најдобрите 35 ученици ќе добијат можност да се вработат во новиот погон, кога ќе биде завршен“, рече Кочо Анѓушев, претседател на Бордот на директори на „Брако“ - Велес.

Анѓушев најави дека соработката со ова училиште нема да биде еднократна, туку ќе продолжи и следните години. Од 2003 година, по преземањето на „Брако“ од страна на сегашните сопственици, оваа фирма постојано расте. По 13 години таа е препознатлив бренд од извозната метална индустрија од земјава.

„Брако“ извезува 95 отсто од сопственото производство во 21 држава, меѓу нив и Јапонија и САД. Компанијата има фабрика-ќерка во Панчево - Србија, каде што произведува жичана програма, со што е една од ретките фирми која има производен капацитет надвор до Македонија.

Вкупниот обрт на „Брако“ е околу 27 милиони евра. Компанијата произведува жичана програма, медицински мебел, опрема за виљушкари, телекомуникациски антенски столбови и контејнери, како и камиони за вакуумско чистење улици.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik